Жанета Ристевска
Посветеноста, истрајноста, мотивацијата, силата, енергијата, љубовта која ја носиме во нашите срца за одбојката, за клубот и за Битола, се докажа во нашата најплодна сезона 2020/21 година
Повод за разговор со Роберт Митковски успешна и најплодна сезона 2020/21 година на Пелистер Волеј од Битола, женска екипа која се натпреваруваше на неколку фронта, на најелитната сцена во Првата државна лига на Македонија, КУП на Македонија, Младинско државно првенство на Македонија, Кадетско државно првенство на Македонија, Пионерско државно првенство на Македонија. А Натпревари повеќе од 50 и тоа официјални, севкупно над 70 сезонски, а некои кои беа дел од репрезентацијата на Македонија одиграа и многу повеќе. За сите овие успеси заслужни на тренерскиот тим на женската екипа – Пелистер Волеј Битола.
-Ние сме еден тим кој победува и зборувам во името на сите нас тренери Владимир Трифуновски, Александар Темелковски, Тамара Жабјановска која дојде на местото на Александар Димовски, на почетокот на разговорот нагласи Роберт Митковски за да продолжи спонтано за неговите почетоци и идејата, визијата околку успешата приказна од оформувањето на Пелистер Волеј и она што е денес после 10 години успешно постоење и секако за најуспешната сезона во 2020/21 година.За почетоците на својата кариера… и како започна приказната за Пелистер Волеј?
-Идејата и визијата за формирањето на ОК Пелистер Волеј Битола започнува уште далечната 1992/93 година за која приказна започнавме да ја градиме ние, неколку ентузијасти. Започна како одбојкарска секција, каде тренери беа наставникот по физичко и здравствено образование Илија Белџигеровски во ОУ “Елпида Караманди“ каде и се тренираше. Потоа Владимир Трифуновски професор чија специјалност е одбојката како спорт. Тема на неговата дипломска работа на Факултетот за физичка култура беше спорт одбојка. Тој и денес е тренер во нашата екипа и неговите насоки се драгоцени.
Во тој период започнав да тренирам одбојка, значи најпрво во секцијата, а потоа во сезона 1995/96 година нашата екипа играше и се натпреаваруваше во македонска 2 лига, за која можам да кажам дека беше многу силна и на почетокот после неколку победи го завзедовме првото место на табелата. Но тоа беше само одреден период, после кој заради неискуство и секако финансиски проблеми. Клубот згасна бидејќи во тој период немаше слух и не наидовме на поддршка од општина Битола. Во тој период заминав во друг клуб Велешта – Струга каде ќе го споменам тренерот Тони кој е значаен во мојата кариера во смисла на правилно насочувањево и за кого сметам дека е најзаслиужен за она што сум денес. Тој беше една алка во целата приказна за да ја продолжам кариерата во овој спорт. Во тој период заради финансиски проблеми згаснаа и прва и втора лига. Ние баравме начин да направиме некоја финансиска конструкција и план за да се обнови клубот.
2011 година значајна за оформување на ОК Пелистер Волеј
-Во 2011 година конечно се консолидира тимот на Пелистер Волеј и си дадовме една агенда за 7-10 години да направиме база на играчи кој ќе се натпреваруваме и започнавме со тренинзи на млади сили. Го додаваме името Волеј за да се означи еден нов клуб, кој оваа година прослави 10 години успешно постоење во одбојката.
ОК Пелистер Волеј денес…
Во однос на Тимот тренери со мене Владимир Трифуновски, Александар Темелковски, Тамара Жабјамовка која го замени Александар Димовски кој замина во Германија. Тоа е во однос на спортскиот дел. Покрај ова тимот на Пелистер Волеј има свој благајник, секретар, книговодител и седиште канцеларија во Новиот пазар, чие отворање ќе се одбележи свечено, а вашата екипа ќе го забележи низ фото и текст. Посебно се радувам дека дека после 10 успешни сезони, во канцеларијата на Пелистер Волеј во која ќе бидат истакнати сите нивни досегашни успеси и достигнувања, место каде во иднина ќе се одвиваат сите состаноци, прес конференции и анализи за потребите на клубот. Така структурирани и консолидирани како клуб имааме зацртани планови во кои сакаме да го зајакнеме клубот со донесување на нови играчи.Голем интерес на девојчиња за спорт одбојка и формирање на женска одбојкарска екипа
Интересот за одбојка кај девојчињата беше голем и во 2012/13 година се оформи женска екипа која во 2014 започна активно да се натпреварува во младински категории. За да во 2015/16 го забележи и првиот успех. На првиор Final 4 кој се организираша во Битола во организација на Одбојкарската Федерација кадетките на Пелистер Волеј го освоија првото место. Оваа година младинките се пласираа во Супер лигата и сметам дека нема да биде лесно каде ќе се натпреваруваат повеќе од 16 екипи од цела држава. 50-70 натпревари тоа е една импозантан бројка и горди сме на нивната физичка и психичка подготовка, благодарение на целиот тим тренери, ппосебно Владимир Трифуновски кој ја познава добро одбојката, како што кажав претходно.
Пелистер Волеј е модерен клуб кој размислува базично и приоритетот го гради од најмалите па нагоре, затоа што нашите заложби се на долг рок, како база за идни врвни одбојкарки по кои ќе биди препознатлива Битола. Но ние сме и позитивен пример како се работи со толкав број на млади одбојкарки, кој сите се обидуваат да го копираат. Битолските одбојкарки биле и ќе бидат приоритет во нашиот клуб, а тоа овие години го докажуваме и ќе го потврдуваме во иднина.
Сезона 2020/21 најуспешна за Пелистер Волеј. Како ја овенувате од ваша перспектива?
-Да се обидеш да направиш ретроспектива по само три изминати дена од третиот последователен успех во временска рамка од само осум дена не е лесно. Два пати ВИ – ЦЕ шампиони без ниту еден пораз до самото финале и еднаш бронзени. Младинки, кадетки, пионерки… Ќе започнам од оние кои се најзаслужни, актерите, великаните на сцената, големите жени-лавици кои изгинаа во магичниот ринг на теренот од 162 м², во не така лесна година, во сезона во која многу од нив водеа спортски битки на пет фронта. Повеќето од нив беа учесници на најелитната сцена во Првата Државна Лига на Македонија, КУП на Македонија, Младинско државно првенство на Македонија, Кадетско државно првенство на Македонија, Пионерско државно првенство на Македонија. Тешко, тешко е да се допишат, а не пак да се одиграат сите тие натпревари. А натпревари беа повеќе од 50 и тоа официјални, севкупно над 70 сезонски, а некои кои беа дел од репрезентацијата на Македонија одиграа и многу повеќе. Благодарен сум и восхитен од посветеноста, истрајноста, желбата, мотивацијата, силата, енергијата, љубовта за одбојката, за клубот и за Битола, за кои се бореа до последен здив, до последен поен.
Но ќе кажам дека сето ова не беше залудно. Се пласираа во Суперлигата за наредната сезона каде стануваат дел од најелитното натпреварување кое ќе брои 8 екипи. Тука ќе кажам дека се тргна од првата позиција во вториот дел, го загубивме чекорот, но се вративме со стил, кога игравме под огромен притисок, 6 натпревари без право на пораз и без право на загубен бод. Што да кажам, секоја чест, секоја ја чест, ние тренерите ви се поклонуваме до земја. Јавно им се заблагодарувам на семејствата за поддршката, на професорите за разбирањето за вашите отсуства и на врсниците за сите пропуштени заеднички моменти.
Поддржувачи на Пелистер Волеј…
Сите успеси на клубот, на сите тимови не е можно без стабилно финансирање. 2020 е година во која битолскиот, македонскиот и европски реномираниот гигант “CERMAT“ застана зад нашиот клуб како општествено одговорна компанија, без која ниту еден од овие успеси не би бил можен, за што уште еднаш јавно им упатуваме огромна и неизмерна благодарност. Упатуваме благодарност и до Општина Битола за континуираната поддршка и се надеваме дека во новата 2022 година уште посилно ќе го поддржува клубот со 100 % битолски чупиња. Приказната немаше да биди успешна ниту без “Генекс пром“, “МЗТ Инќенеронг“, “ИГО 2000“, “Милеиум селтик“, а секако и посебна благодарност до вашиот портал.
Идни планови…
-Сезоната 2021/2022 само што започна Наша визија за следната сезона е секако пласман во Супер лигата и знам дека ќе биде тешко. Преговараме со некои нови играчи со финансирање по ваучер систем и приход од општина битола. Од оваа сезона 2022 за која веќе се подготвуваме ќе има поголем притисок , натпреварите ќе одат во живо на МТВ. Ќе кажам дека интересот за овие натпревари е голем и досега спортската сала во СОУ Медицинско училиште, (без мерките донесени за корона криза) беа преполни, оваа година се надеваме повторно на голем интерес и преполна сала „Младост“ со навивачи кои ќе ги бодрат нашите одбојкарки.
Интересот за одбојка во Битола многу голем. Бројот на одбојкарки кои тренираат во ОК Пелистер Волеј голем. Што ќе кажате околу ова?
-Со остварување на високи резултати интересот за тренирање одбојка беше огромен, ќе кажам дека пред корона кризта стигнавме до бројка од 220 деца. Но со оглед на ресурсите и стручни лица кои се вклучени оптимална бројка е 100 деца. Заради тоа ние потребен е процес на селекција, кој е единствен пат за вклучување на млади талентирани деца за овој спорт.
Каков е Роберт Митковски професионално…
-Како тренер претпочитам демократски стил, а не војничка дисциплина во моите насоки, наредби како тренер. Сметам дека треба да постои една опуштена атмосефра и комуникација меѓу мене и играчите. Сум бил и играч и затоа можеби знам како да се биде од другата страна на играчите. Тоа се се уште млади личности од 14-20 годишна возраста и начинот на комуникација го прилагодувам, бидејќи имаат различни гледишта на свет. Потребна е доверба од двете страни, договор за почитување на тоа што се очекува од самите играчи, а тоа е точност, упорност, истрајност, тренирање и само тренирање. Самата атмосфера треба да е таа каде нема да постои ЈАС треба да сме НИЕ. Ова е колективне спорт каде поединците придонесуваат за сите Или важи мото „Сите џа еден еден за сите“.
Каков на приватен план…
-Сигурно дека како личност сум и дома таков со тоа што емоциите ме обземаат и можеби станувам во некои ситуации попустлив родител. Моите деца ги насоочувам на спортски и здрав начин на живот. Не ги притискам да бидат спортисти. Синот Кристијан тренира ракомет во Пелистер Еурофарм. Ќерката Сара 8 години тренира одбојка, кај другите тренери колеги зарди тоа да не бидам пристрасен како родител кон неа, а и таа колку сериозно ќе ме сфати како тренер. Сопругата Билјана е наставник по германски јазик во ОУ „Св. Климент Охридски“ од која имам целосна поддршка во мојата кариера која бара понекогаш и многу откажувања и моменти поминати со семејството.Роберт Митковски плени со својата харизма и позитивен дух со кој ги инспирира сите оние кои се вклучени во клубот Пелистер Волеј од управа, тренери, одбојкарки -младинки, кадетки, пионерки, родители, навивачи.
Ентеруер: ресторан “Аурум“