Press "Enter" to skip to content

Во Битола сончево и топло до 32 степени, со мала облачност и можна попладневна нестабилност

Денес, понеделник, 21 јуни, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеорошки работи, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата во Битола до 32 степени. УВ=8.

Утре, вторник, 22 јуни, во Битола времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен западен ветер. Температурата во Битола до 34 степени. УВ=8.