-Јавното претпријатие “Стрежево“од Битола преку јавна набавка обезбеди основен (ревидиран) проект за систем за обезбедување на вештачки снег на скијачката патека на ски-центарот “Нижеполе“.
Со проектот за вештачки снег се дефинира ски патека во должина од 900 – 950 метри и ширина на појасот од 60 – 65 метри, со висина на снежна покривка од 30 сантиметри.
Површината на патеката која ќе се покрие со вештачки снег изнесува 5760 метри квадратни, напиша на “фејс бук“, директорот на ЈП “Стрежево“, Менде Граматковски.






