Press "Enter" to skip to content

4. коло, 4 пораз на фудбалерите на Пелистер, поразени во Скопје од Скопје

Скопје – Пелистер 1:0 (1:0)

Екипата на Пелистер од Битола и во четвртото коло,  во новата сезона на Првата македонска фудбалска лига, продолжува со црната статистика, нов пораз, 4 по ред, без постигнат гол, а според тоа е последен на табелата без освоен бод и со гол разлика од -5. 

Во ова 4. коло екипата од Битола е поразена со 1:о од новајлијата во лигата, екипата на Скопје, со голот во 20. минута. Игнатов биеше незгодно од слободен удар, Филип Трајчевски добро реагираше, а на одбиената топка налета Јашароски и ја погоди за водство на Скопје од 1:0. Со овој резултат се отиде на полувреме, бидејќи одбрани  Трајчевски и не дозволи втор гол.

“Пелистерци“ и во вториот дел не успеаја да се вратат во игра, а се обидоа преку прекунзи да дојдат до израмнување, но не успеаја.

Пелистер и во следниот викенд има тежок натпревар, бидејќи екипата на Шкендија гостува во Битола.

 
More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »