Дел од членовите на Доброволното против пожарно друштво “Архангел“ од Битола учествуваат на меѓународен настан организиран ДВП “Марчана“ од Хрватска.
-Ова учество за нас претставува размена на искуства и знаења, зајакнување на регионалната соработка, градење на нови пријателства и партнерства. Нашата мисија е јасна – да учиме, да напредуваме и да ги подобруваме нашите капацитети како доброволно противпожарно друштво, вели Игор Петковски од ДПД “Архангел“.
ДПД “Архангел“ од Битола е противпожарно друштво кое активно вклучен во сите акции кои се одржуваат во државата и во гаснење на сите пожари кои се во битолскиот регион и пошироко, со вклучување на луѓе и опрема.
ДПД “Архангел“ пред некои време организира голема против пожарна вежба во која беа вклучени стотина добролци од неколку друштва од Македонија, за гаснење на пожар на отворено, која беше исклучитно добро оценета.
Оваа вежба во Хрватска има и натпреварувачки карактер, нашите пожарникари се вклучени во сите дисциплини и од таму очекуваме добри резултати.
С.Ристевски






