Деновиве во “Магазата“ во Битола беше отворена прва самостојна изложба на Симона Стојкобвска од Битола, насловена како “Шепотот на мојата душа“. Изложбата ја отвори м-р Гордана Димитријевиќ – Лазаревска, познат културен работник од Битола, која на отворањето рече:-Симона е лице со оштетен вид и за прв пат почна да слика пред година и половина во време кога започна да се шири вирусот ковод-19. Фасцинира фактот што таа вложува многу труд во сликањето кој е немерлив и неспоредлив со ничиј друг. Исто така и краткиот временски период во кој успеа да создаде една бројка на дела која не е занемарлива, како и возраста на која го изнесе на површина нејзиниот талент кој тлеел во неа уште од детството. Во нејзините дела е вложено многу труд и емоции, за што зборува и насловот на изложбата.Сликите кои се изложени во “Магазата“ воодушевуват, нејзините пејзажи, прекрасни цвеќиња, ликови на жени и девојки, сцени со најблагородните животни, коњи, лебеди, птици… го привлекуваат вниманието на сите.За сликите Симона само кратко кажа: моите слики, тоа сум самата јас, а додаде дека е среќна бидејќи нејзините слики се изложени во изложбен простор, а и поради тоа што ги видоа голам број на битолчани, од кои доби само пофални зборови.Симона, како за неа зворуваат луѓето около неа, таа е личност кај која нема падови, туку само растежи, која успева тешките моменти да ги претвори во нови видици и можности и жена од која треба да се учи. Ја охрабруваме и натаму да твори и да не почести со нови дела.
Симона Стојковска со прва самостојна изложба “Шепотот на мојата душа“ (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Еурофарм Пелистер додека именува нов тренер, Ѕвонко Шундовски привремено ќе ја води екипата
- Координативен состанок во пресрет на зимската туристичка сезона во хотел “Молика“
- Пелистер во Битола елиминиран од Купот на пенали од Детонит Плачковица
- М-р Биљана Темелкова назначена за в.д. директор на ОУ “Ѓорѓи Сугарев“ Битола
- Со положување цвеќе на споменикот на Даме Груев одбележан Денот на македонската револуционерната борба
More from КултураMore posts in Култура »
- Во Библиотеката изложба на книги по повод 23. Октомври
- Реобјавено од 3 ноември 2023 година: Во Битола премиера на претставата “Куфер.МК“ (фотогалерија)
- Премиера на монодрамата “КУФЕР.МК“ на Соња Михајлова во Народен театар Битола (фото)
- Битолскиот театар се подготвува за одбележување на јубилејот 80. години постоење
- Трета награда за КУД “Стив Наумов“ Битола на интернационалниот хорски фестивал во Херцег Нови