Стефанија Алексовска од Битола како дел од македонската кугларска селекција до 23 години, под водство на селекторот Игор Михајловски, се пласира во финалето, на светското првенство до 23 години, кое се одржува во градот Тирол, Австрија, во дисциплината “Single“ каде за медал ќе играат најдобрите 24 резултати започнувајќи од најлошиот.
-Стефанија Алексовска со соборени 634 дрвца и со свој личен рекорд постави врвен македонски резултат на Светското првенство (U23) во Австрија. Резултат значи голем успех, македонски финалист во самата завршница. Секако сите заслуги за македонската гордост, нашата Стефи која се надмина себеси со свој нов личен рекорд, и се пласира на 9. место, вели Игор Михајловски, во неговото јавување од Тирол, Австрија.
Добриот резултат во квалификациите ќе биде во комбинација за одлучување за медал, а ќе играт уште неколку дисциплини, Тандем, Тандем микс и спринт.
Вчера Емилија Илијевска ја пропушти шансата да се пласира во финалето и да кугла за медал во категорија “спринт“ од Европското првенство во куглање до 19 години. Таа во 1/4 финалето беше на чекор до медал, на пенали, во последниот удар мораше да сруши 8 и 9 дрвца од можни 9 за победа, таа сруши само 4 и го загуби дуелот од словенката Брина Јањич.
Андреа Велјановска својот прв настап на СП – Австрија 2026 (U23) го заврши со 541 соборени дрвца.









