Press "Enter" to skip to content

Ден на идеи беше третиот ден на неделата на енергетска ефикасност (фотогалерија)

Денес во Битола, во киното “Манаки“ продолжија активностите околу одржувањето на неделата на енергетска ефикасност која ја организира Општина Битола во рамки на проектот Подобрување на енергетската ефикасност кај објекти. Третиот ден од “недеклата“ бепе насловен како ден на идеи, а присутните ги дадоа на тема: Енергетската ефикасност и животната околина. На денешниот ден се одржа форумот  во Културно информативниот центар “Кино Манаки“, на Широк Сокак, во Битола, а на присутните им се претстави со свое предавање проф. д-р Бети Анѓелевска, од Технички факултет – Битола, а зборуваше за енергетската ефикасност и животната средина, посебно загадувањето на воздухот.Проф. д-р Бети Анѓелевска во врска со загадувањето ги спомена сите загадувачи во нашиот град, кои се како да се надминат, а посебен интерес предизвика со анализата за возилата како загадувачи, за нивна замена, одржување, преминување на возење велосипед…Потоа, присутните ги дадоа своите идеи за тоа подобрување на енергетската ефикасност, за помало загадување, за намалување на бучавата, за поголемо медиумско презентирање на сите идеи и вакви форуми.Претседателот на Советот на Општина Битола, Валентин Груевски, ја поздрави идејата за одржување на неделата на енергетска ефикасност, а потоа и самиот даде некои свои идеи во таа насока, но пред се рече дека идеите на граѓаните се реални и произлегуваат од проблемите со кои се среќаваат.Проф. д-р Игор Неделковски, од “Гаус Институтот“ рече дека иако не било предвидено идеите да бидат ставени на хартија, како беше направени, реле дека тие ќе бидат архивирани и ќе бидат проследени до надлежните локални органи кои можат да помигнат да се реализираат и дека ќе бидат вклопени во извештајот на крајот на проектот.Љубо Атанасовски ЈП за урбанистичко планирање, проектирање и инженеринг – Битола, и М-р Весна Неделковска од “3Д Визија инженеринг“ Битола, зборуваа за мапирање на објектите во  сопственост на Општина Битола.На крај форумот заврши со дискусии за имплементација на мерки за енергетска ефикасност кои би довеле до почиста животна средина во Општина Битола.Модерат на денешниот ден беше д-р Сузана Трајковска- Кочанковска, од “ГАУС Институтот“ од Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »