-Во Битола имаше можеби десетина обиди да се организира квалитетен ракометен тирнир, но некако сите “паднаа во вода“, а по само еден турнир згаснаа. Таков еден обид имаше во 2011 година, во Битола, во организација на РК Пелистер, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство во Битола.-Во првиот турнир што го организира тогашната управа на Пелистер екипата на домаќинот, Пелистер, надмоќно го освои првото место. Пелистер забележа три победи во три натпревари, иако настапи без тројца стандардни првотимци, над Борец, Приштина и Кишење – Олимпус, додава Миновски.
Покрај победничкиот пехар беа доделени и други признанија а нив ги добија: за најдобар играч: Петар Жујовиќ, за најдобар стрелец: Чантурија со постигнати 17 голови, за најдобар голман: Игор Тоскоски сите тројца од Пелистер.
-Да потсетам дека името на турнирот во 2011 година, доаѓа од познатите ракометни турнири кои се одржуваа во Битола, пред триестина години, а имаа има “Трофеј на Југославија“, вели Миновски и додава:
-Во тоа време Битола одржуваше одлични ракометни турниру и учествуваа голем број на ракометни репрезентации, а публиката ја полнеше спортската сала, тогаш “Младост“ и уживаше во одлични ракометни претстави, а гледаше и одлични ракометни мајстори.

Деновиве пред 10 години: ракометен турнир “Трофеј на Битола“, победник Пелистер (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Заврши вонредниот инспекцискиот надзор во битолската болница
- Трет координативен состанок на проектот “Превенција и управување со прекугранични комплексни поплави и шумски пожари – СОЛВЕ“
- Во Офицерски дом неделава шах за ветерани, изложба на словенечки уметници и концерт на Камерниот оркестар
- Деновиве пред 10 години: Одбележување на 114 годишнината од дипломирањето на Мустафа Кемал Ататурк (фото)
- Деновиве пред 10 години: стартуваше кампањата за локалните избори 2013
More from ВестиMore posts in Вести »
- Денес 62 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола
- Библиотеката ги додели наградите за најдобри читатели и роднокрајните награди
- Платформата “Земи Здив“ подготви видео од еко-акцијата “1.000 шуми од 1 желад“ (видео)
- Билницата во Битола под вонреден инспекциски надзор по смртта на шестгодишната Јана
- СВР Битола: на битолчанец му се слошило откако испил кафе и вода, син нападнал мајка и татко, опожарена куќа