Press "Enter" to skip to content

Фото вест: карантин во Сиднеј, во Рокдејл поставени македонски знамиња, но нема прослава

Нашиот редовен дописник од Австралика, од Роддејл во Сиднеј, Кире Циревски, каде живеат и работат најголем број на Македонци, во македонската заедница и каде се наоѓа најголемата црква “Св. Петка“ и годинава нема да се одржи редовната прослава по повод незавосноста на македонската држава.

Иако годинава ја нема традиционалната прослава со говори и пригодна културно уметничка програма, сепак се одбележа Денот на независноата, но само по поставување на македонски државни знамиња, кои се виорат, на главната улица во Рокдаел, со надеж дека до година  Македонците ќе се вратат на трациционалниот начин на прослава, а Сиднеј нема да биде во карантин поради пандемијата.

-Оваа година е празна главната улица во Рокдаел, каде се собираат и дружат Македонците во Сиднеј, каде е најголемата македонска заедница. Поради пандемијата по повод 30 години незавосност нема никаква активност, иако се надевавме дека ќе има попуштање на “локдаунот“ и дека ќе можеме да го одбележиме овој значаен ден во македонската историја, со надеќ дека в година ќе се вратиме на стариот начин на празнување, ни рече во телефонскиот разговор Кире Циревски.

More from ДијаспораMore posts in Дијаспора »