Во неделата по 5. пат се организираше велосипедската тура “Еврејка 2021“ на која и во организацијата и во самата тура активни беа велосипедисти од Битола. Самата рута е долга 62 километри, а елевацијата е 1.200 мнв. Стартот на турата беше од Демир Хисар, како и целта.За Игор Стојановски ова е трет пат како учествува на “Еврејка“ и ни ја објасни целата патека:-Од Демир Хисар преку Сопотница и Жван се насочуваме Церово. Првите 15 километри се вози по асфалтен пат потоа по земјен пат се вози кон Церово. Една поголема пауза се прави во селото, а друга во Манастирот “Св. Илија“ кој е на 5 километри, а се наоѓа на 1.250 мнв. Низ прекрасна букова шума се дома до областа “Еврејка“ и чешмата “Еврејка“ каде се гради и планинарски дом. Ова област се наоѓа на Плаќенска планина. По сртот се вози до Бигла и со спуштивме до манастирот “Св. Петар и Павле“ кај село Смилево. Од манастирот преку Смилево и Обедник по асфалт се вративме во Демир Хисар.Николче Шулевски со позитивна емоција за настанот ни кажа:-Ова е прво мое учество на “Еврејка“ и многу сум задоволен од прекрасната природа и гостопримството на мештаните. На самата чешмата “Еврејка“ не пречека пејачот Васко Талевска со песната “Билбил пее во планина“ и нормално со ладно пиво изладено во самата чешма која зима или лето температурата на водата 4 степени.Од разговорот со мештаните, Кире Грбевски, ни ја прераскажа легендата за името Еврејка, која се раскажува со векови.-Овој крај изобилува со вода но чешмата “Еврејка“ е една од најладните чешми кај нас и пошироко. На самиот срт поминува и Виа Игнација и постојано поминувале трговци кои се одмарале кај чешмата. Една млада Еврејка која поминувала низ тоа место, изморена се напила од ладната вода починала на самото место. Од тогаш таа чешма ја нарекуваат Еврејка, вели Грбевски.Водата е толку ладна што мора да внимаваш како ја пиеш, а како што вика Љупчо, нема поубаво во лето од лубеница, ракија и пиво изладени во чешмата “Еврејка“.Адреналинскиот спуст по Бигла планина и вкусното гравче подготвено во Манастирот “Св. Петер и Павле“ над с.Смилево се “шлаг“ на вело турата “Еврејка“.
Вело тура “Еврејка 2021“, 62 километри по Плакенска планина и Бигла, а за крај манастирско гравче во Смилево (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: отворен вино бар “Буре“ во Битола (фотогалерија)
- Битолчани се израдуваа Еурофарм Пелистер освои бод голем како планина (фотогалерија)
- Бутката за “компирчињата“ која беше на Широк Сокак, кај Османлијата, во Битола замина во историјата (фото)
- Деновиве пред 10 години: осветено црквичето “Св. Ѓорѓи“ во Старски дом во Битола (фото)
- На патеката на славните во Битола откриени три нови златни ѕвезди (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: малолетно девојче е едно од двете лица кои се каснати од кучиња скитници,
- Студенти од петта студиска година на Архитектонскиот факултет од Скопје во Општина Битола
- Пешевски го најави денешниот натревар од ЛП, Еурофарм Пелистер – Висла
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 24 степени
- Кадетите од будо-центарот Пелистер први на Меѓународниот турнир во аикибудо во Лозница, освоија и три златни медали (фото)