Битолчани кои редовно веќе неколку пати во недела на вечер, вечерва на истата локација во Битола, на плоштадот “Магнолија“ продолжија со протестите, но сега на нов начин го искажаа незадолството од “присилната“ вакцинација и ограничувањето на слободата.
“Рает кафе-кафе на слободата, без пропусници, без дискриминација“ беше слоганот под кој вечерва се одржа протестот, со седење на плоштад во Битола,а столици и маси кои сами ги донесоа и си “послаа“ теписи. Битолчани вечерва, се напија кафе сварено на “плинско“ наместо во околните кафулина каде не можат да престојуваат поради тоа што не се вакцинирани, а со тоа им се ограничува слободата.
Тие и вечерва повторија дека не се против вакцинацијата, оти и тие биле вакцинирани со многу вакцини во минатото, но дека се против начинот на кој тоа се прави, побараа од власта повеќе информации за вакцините против ковид-19 и укинување на рестриктивните мерки за невакцинираните лица.

“Рает кафе-кафе на слободата, без дискриминација“ на кафе на “Магнолија“
More from ВестиMore posts in Вести »
- Секој вторник, во следните 21 седмица по една лекција од Марјан Вучковиќ од неговата книга “21 ден во Кина“ за вештачката интелегенција и иднината на бизнисот
- За денес е закажана вонредна седница на Советот на Општина Битола
- Бојана Скендеровски откри кој ќе ѝ прави друштво на сцената во Битола
- Во Битола сончево, температурата до 22 степени
- Еурофарм Пелистер 2 убедлив против Тиквеш во Битола и нов чекор кон плеј-офот (фотогалерија)





