Press "Enter" to skip to content

Секој вторник, во следните 21 седмица по една лекција од Марјан Вучковиќ od неговата книга “21 ден во Кина“ за вештачката интелегенција и иднината на бизнисот

“Битола Њуз“ започнува серијал од 21 лекција за вештачката интелигенција, дигиталната економија и иднината на бизнисот. Секој вторник, во следните 21 седмица, Битола Њуз ќе објавува по една целосна лекција од книгата на авторот Марјан Вучковиќ, создадена по неговото учество на меѓународна студиска програма во Кина.

Како изгледа дигиталната економија кога технологијата станува дел од секојдневното функционирање на компаниите и општеството? Што можат македонските претпријатија да научат од кинеските искуства? И дали за успешна дигитална трансформација се доволни
нови технологии или е потребна и промена во начинот на размислување, организирање и работење?

Ова се дел од прашањата што ќе ги отвори новиот серијал „21 ден во Кина – 21 лекција за иднината на бизнисот“, кој Битола Њуз ќе го објавува секој вторник. Серијалот е заснован на книгата „21 ден во Кина: 21 лекција за AI, дигиталната економија и иднината на бизнисот“, чиј автор е Марјан Вучковиќ, стратег за раст и маркетинг од Битола. Книгата е бесплатно достапна на македонски и англиски јазик на официјалната веб-страница на авторот.

Книгата произлезе од неговото учество на меѓународна студиска програма во Кина, одржана во јуни и јули 2026 година, посветена на развојот на дигиталната економија и зајакнувањето на капацитетите на малите и средните претпријатија. Програмата беше организирана од Министерството за трговија на Народна Република Кина (MOFCOM) и Универзитетот за економија и бизнис Хебеј, во соработка со Амбасадата на НР Кина во Македонија. Во текот на 21 ден, учесниците имаа можност преку предавања, стручни разговори и посети на компании, технолошки центри и индустриски комплекси да се запознаат со различни аспекти на кинеската дигитална економија.

Студиската програма опфати престој во Пекинг, Шиџаџуанг, Хангжу и Иву, каде што беа претставени примери од електронската трговија, дигиталните платформи, логистиката, индустријата и примената на новите технологии. Од ова искуство произлегоа 21 лекција што обработуваат теми поврзани со вештачката интелигенција, улогата на податоците, дигиталните екосистеми, иновациите, организациските процеси и иднината на бизнисот.

Целта на серијалот не е само да ги претстави технолошките достигнувања на Кина, туку и да поттикне размислување за тоа кои принципи и искуства можат да бидат применливи во македонските компании и институции.

Секој вторник – една целосна лекција Во текот на 21 последователна недела, Битола Њуз ќе објавува по една целосна лекција, без скратување или прераскажување на оригиналната содржина. Лекциите ќе бидат објавувани според редоследот во книгата, овозможувајќи им на читателите постепено да се запознаат со искуствата, професионалните согледувања и
заклучоците на авторот. Секоја објава ќе претставува посебна тематска целина, а сите заедно ќе создадат серијал посветен на прашањето како технологијата, луѓето, процесите и деловните модели ја обликуваат иднината.

Серијалот е наменет за претприемачи, менаџери, професионалци, студенти и сите што сакаат подобро да ги разберат промените што ги носи дигиталната економија. Книга достапна бесплатно за сите читатели. Книгата „21 ден во Кина: 21 лекција за AI, дигиталната економија и иднината на бизнисот“ е објавена во 2026 година како авторско издание, регистрирана со ISBN 978-608-67638-0- 0 и COBISS.MK-ID 69604357. Изданието е бесплатно достапно на македонски и англиски јазик, со цел сознанијата од студиската програма да бидат достапни за пошироката јавност.

Првата лекција ќе биде објавена во вторник, 27 октомври, на Битола Њуз, по што секој нареден вторник ќе следува нова лекција.

Целосната книга може бесплатно да се прочита и преземе на:
https://mvmomentumadvisory.com/21-days-in-china