Едно од култните места за битолчанни, чешмата кај Офицерскиот дом, повторно е достапна за жителите на Битола и случајните минувачи. Претставници од Ротари клубот од Битола, денес свечено и го предадоа клучот од чешмата на градоначалничката Наташа Петровска, со што и официјално, по санацијата, чешмата останува да биде белег за овој дел на градот.
Со претходно потпишан договор помеѓу Општина Битола и Ротари клуб Битола, започна комлетната санација на чешмата кај Офицерскиот дом, со средства донирани од Ротари клубот Битола.
На санацијата и претходеше изработка на основен проект, по кој е издадено конзерваторско одобрение од Управата за заштита на културно наследство, согласно одлуката донесена од страна на Советот на Општина Битола.

Старата, но сега комплетно санирана, чешма кај Офицерски останува еден од белезите на Битола
More from ВестиMore posts in Вести »
- Секој вторник, во следните 21 седмица по една лекција од Марјан Вучковиќ од неговата книга “21 ден во Кина“ за вештачката интелегенција и иднината на бизнисот
- За денес е закажана вонредна седница на Советот на Општина Битола
- Бојана Скендеровски откри кој ќе ѝ прави друштво на сцената во Битола
- Во Битола сончево, температурата до 22 степени
- Еурофарм Пелистер 2 убедлив против Тиквеш во Битола и нов чекор кон плеј-офот (фотогалерија)





