И вечерва продолжија протестите против ограничувањата на слободата и против “присилната“ вакцинација, на плоштадот “Магнолија“ во Битола, со како рекоа кафе на раат на слобода на Широк Сокак.
На протестот зборуваше активистот Игор Петковски, кој уште еднаш ги повтори ставовите дека не се против вакцинациите и дека се сите по десетина пати вакцинирани. Но, тој побара да се објават студии за вакцинација, како и нус појави после вакцинацијата.
Како и претходно битолчани се “распослаа“ и се послужија со кафе кое сами си го подговија, а беа послужени и со “старбакс“ кафе.
На крајот ги повторија барањата за укинување на рестриктивните мерки за невакцинираните лица, како и позитивна кампања за вакцинирање.

И вечерва раат кафе на “Магнолија“ на протестите против ограничување на слободата (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Секој вторник, во следните 21 седмица по една лекција од Марјан Вучковиќ од неговата книга “21 ден во Кина“ за вештачката интелегенција и иднината на бизнисот
- За денес е закажана вонредна седница на Советот на Општина Битола
- Бојана Скендеровски откри кој ќе ѝ прави друштво на сцената во Битола
- Во Битола сончево, температурата до 22 степени
- Еурофарм Пелистер 2 убедлив против Тиквеш во Битола и нов чекор кон плеј-офот (фотогалерија)









