Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: во Битола се славеше 4. место на кошаркарите на Европското во Литванија (фото)

-Точно десет години се случи најголемата сензација во историјата на европската репрезентативна кошарка, кога Македонија ја совлада Литванија, домаќинот, и избори пласман во полуфиналето на Европското првенство, е запишано во мојот новинарски нотес, со подвлечени букви. Потоа македонската репрезентација со поразот од 72:68 од репрезентацијата на Русија го освои четвртото место на 37. Европското, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство, и продолжи:-Моментите од оваа средба и легендарната тројка на Владо Илиевски се длабоко врежани во сеќавањата на сите спортски вљубеници во нашата држава, а на неговото “Леле луѓе, што направивме! Радувај се Македонијо“, ќе се сеќаваме уште долго.

По пласманот на 4. место прослава имаше и во Битола, а стотина наши млади сограѓани се музика и оро го прославија големиот успех на македонската репрезентативна кошарка, на кој за реприза ќе можеби долго да чекаме, вели Миновски. Во авионот кој го обезбеди Владата за навивачите се најдоа и дваесет навивачи од Битола, членови на навивачката група “Чкембари“. Тие тогаш не го криеја задоволството од престојот во Литванија, а го гледаа полуфиналето со Шпанија и битката за третото место против Русија.-Дадовме свој придонес македонските кошаркари да стигнат до големиот успех. Инаку,
бевме сместени во главниот град на Литванија, Вилнус, во хотел во центарот на градот. Одлично си поминавме и ова е еден спортски момент кој засекогаш ќе го паметиме, се сеќава на нивната изјава Миновски.

More from ВестиMore posts in Вести »