Press "Enter" to skip to content

Велисипедисти, политичари, кандидати за градоначалници, професори, ученици, спортисти, рекреативци… на 61. вело критична маса (мегафотогалерија)

Традиционална, како и досега во изминатите 60. вело критична маса, во четврток во 28 часот во Битола се одржа 61. критична маса, со старт на плоштадот “Магнолина“, во организација на “Битола на точак“, платформата “Земи здив“ и “YMCA Македонија“.На оваа вело критична маса учествуваа стотици велосипедисти, кои ги извозија главните улици во Битола, “Булеварот 1-мај“, “Васко Карангелевски“ и “Партизанска“ до фонтаната кај Музејот каде беше крајот, за потоа сите да се послужат со кафе во “Јагода“.Пред стартот на оваа вело критична маса зборуваше Драган Вељанов, активист на невладината “Земи здив“ кој ги повтори досегашните барања на велосипедистите од Битола, а бидејќи сме на почеток на кампања за локалните избори ги дополнинија, а имаа и нов слоган “Од новата гарнитура сакаме вело инстраструктура“.-“Битола вело град во еден мандат“ сакаме да биде проект кој треба да го реализира нивата локална власт. лизира. Инфраструктура за велосипеди е поодржлива, поекономична за разлика од инфраструктурата за автомобили која за жал, во Битола има предност во секој поглед. Но ние сакаме и проекти кои ќе донесат здрава животна средина и почист воздух. Битола да биде град во кој жители ќе бидат луѓето, а не автомобилите, а тротоарите да бидат на пешаците, рече Вељанов.Вељанов нагласи дека  политичарите треба со личен пример да ја јакнат јавната свест за користење на еколошки и економични транспортни средства. На претходните 60. вело критични маси политички фигури се појавувале, но потоа ги немало, односно велосипедистите се тука, а политичките актери ги нема.Меѓу стотиците битолчани денес се појавија и политичарите, односно кандидатите за градоначалници, носители на листи, кандидати за советници.Велосипеди возеа Христо Кондовски од СДСМ, Тони Коњановски од ВМРО-ДПМНЕ, Горан Таскоски од „Македонска ера трета“, независниот Зоран Лазаревски.Тука беа носителите на советничките листи и нивните тимови, Валентин Груевски од ЛДП, Пеце Милевски од ВМРО-ДПМНЕ, независната лиса Ристенка Алтипармакова…И политичарите како и сите учесници на оваа вело критична маса ги слушнаа барањата на организаторите, вкупно 10. Посебни ставки во буџетот за зелен, незагадувачки, здрав превоз, тротоарите се за пешаците, патеките за велосипедистите, а не за паркирање, безбедни улици за децата, постарите, пешаците, велосипедистите, ранливите, обезбедување простор за различни типови сообраќај, еко-свесно планирање, за квалитетот на живот на луѓето и животната средина, на точак од било која точка А до точка Б по велосипедски патеки…Улиците за автомобили еднаш месечно ќе бидат место за возење точак, џогирање, детска игра и слободни активности и градската администрација на работа пеш, со точак или јавен превоз, беа последните барања кои ги побараа велосипедистите од политичарите, односно од идната локална власт, градоначалникот и Советот.

More from БитолаMore posts in Битола »
More from ВестиMore posts in Вести »