Press "Enter" to skip to content

“Ментално здравје, сега е моментот“, регионален настан на Здружнието на граѓани “Младите можат“ (фото)

“Ментално здарвје сега е моментот!“ настан организиран од страна на здружанието на граѓани “Младите можат“ се одржа на терасата на хотел “Епинал“ во Битола, со почитување на протоколите и мерки за заштита од ковид 19. Дијана Мицевска од здружението “Младите можат“ од Битола, модератор на настанот, рече:-Главна цел на настанот е да се подигне свеста за важноста на влијанието на образовниот систем, семејството и врсниците врз развојот на младите. Најпрво психолог Марија Димовска професор ја сподели својата експертиза на тема “Влијанието на различните средини врз менталното здравје на младите“, а потоа, во вториот дел на настанот учесниците поделени во групи психолози, педагози, наставници, ученици, студенти, млади од невладин сектор ќе бидат активно вклучени во дискусии во неформален амбиент  преку принципот на “world café“, во мали групи, да разговараат на темата од 3 различни аспекти. Врз основа на заклучоците експерт ќе изработи документ за јавна политика кој ќе содржи мерки и предложени пристапи за донесителите на одлуки кои го засегаат менталното здравје на младите.Никица Манџуковски од здружанието “Младите можат“ ни  сподели дел од заклучоците кои произлегоа од дискусиите.

-Кога станува збор за перцепцијата за менталното здравје, учесници беа согласни дека се уште е табу тема менталното здравје,иако сметаат дека има напредок во однос на вниманието кое се дава на темата. Тие сметаат дека е табу тема поради предрасудите од општеството, стигмата од врсниците дека доколку одиш на психолог тогаш „со тебе не е во ред нешто и ти си чуден“, дополнително родителите  лесно ги одбиваат проблемите на младите  со изговори како што се „млад си ти, немаш за што да се грижиш“, „имаш кров над глава и јадење, зошто си во депресија“ и останати коментари од родителите кои ги обесхрабруваат младите да побараат професионално мислење.Покрај родителите, тие напоменаа дека големо влијание имаат и врсниците од нивното опкружување. Доколку тие имаат малку поразлично мислење и став од другите, веднаш наидуваат на негативни коментари и одбивање од врсниците, во таа ситуација тие се означени како „чудни“ и „не во ред со умот“. Кога се дискутираше за влијанието на социјалната средина, како најзначаен социјален актер за менталното здравје на младите  го сметаат семејството.

Учесниците сметаа дека пред настанувањето на пандемијата, семејстовото се помалку време поминувало заедно и полека се губеле семејните вредности, а улогата на семејството почнала да се намалува, но дека со настанувањето на пандемијата, кога семејствата повеќе време поминувале заедно, се вратила меѓусебната блискост и влијанието на семејството врз младите се зголемило.Во однос на влијанието на воспитно- образовниот процес врз менталното здравје на  младите, учесниците потенцираа дека ова влијание во најголема мера зависи од индивидуалниот пристап на наставниците, односно дека истото може да биде позитивно или негативно, во зависност од интересот и придонесот на наставникот  кон своите ученици, а особено ова се однесуваше на класните раководители.

Младите учесници се надоврзаа на оваа дискусија и споделија дека во текот на образованието тие немаат многу можност за слободно изразување и дополнителни активности кои ќе им помогнат подобро да перформираат и на останатите предмети. Тие се чуствуваат како да се на лента и единствена цел им е да се заврши материјалот и да се стигне се што е предвидено поради збиените програми. На факултетите уште помалку се обрнува внимание на менталното здравје и каков притисок создава целиот процес на студирање врз нивната благосостојба.За крај зборуваа за  идеалното општество вцо кое воспитно- образовните институции имаат изграден систем за психолошка поддршка на учениците во целокупниот воспитно- образовен процес, каде психолошко- педагошките служби се перцепирани и препознаени како значаен фактор за поддршка на учениците и во целост ја обавуваат функцијата за која се воспоставени и каде наставниците имаат компетенции и услови да работат директно со учениците, им го даваат потребното внимание на своите ученици и се грижат за состојбите во кои тие се наоѓаат. Ваквото идеално општество има ментално здрави млади луѓе кои се фокусирани на своите потреби и во целост можат да ги исполнат.

Жанета Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »