Press "Enter" to skip to content

Шесте кандидати за градоначалник на Битола потпишаа кодекс за изборите и испија кафе во “Епинал“

Во просториите на општинската изборна комисија за Битола, во салата на поранешна народна одбрана, шесте кандидатите за градоначалник на Општина Битола на пладне го потпишаа Кодексот на однесување за слободни и фер локални избори.Со овој кодекс, кој го потпишаа Горан Милевски, Тони Коњановски, Христо Кондовски, Горан Тасковски, Јорго Огненовски и Зоран Лазаревски, се обврзаа дека во текот на предизборната кампања ќе ги почитуват правилата за фер и демократски избори.По потписот, Христо Кондовски, ја повтори иницијативата, која ја даде на првата негова прес конференција како кандидата за градоначалник, и ги повика сите да испијат кафе, а тоа го сторија во “Епинал“. Поканата не ја прифати само Јорго Огненовски.

More from ВестиMore posts in Вести »