-Дочекавме, по 40 години, да не ни поплавуваат домовите на секој поголем дожд и да имаме нормална асфалтирана улица“, велат дел од жителите на улица „Кленовец“, кои во голем број се сретнаа со градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска и изразија задоволство од целосната реконструкција на улицата.
Градоначалничката Петровска изврши увид во асфалтирањето на коловозот на ул. „Кленовец“, заедно со тимот задолжен за реализација на овој проект. Реконструкцијата на ул. „Кленовец“ се состоеше од поставување на нова канализациона мрежа во вредност од 5.432.204 денари, водовод во вредност од 2.778.000 денари и сегашната финална фаза на нов коловоз, во вредност од 5.946.026 денари.

Се асфалтира улица “Кленовец“
More from ВестиMore posts in Вести »
- Секој вторник, во следните 21 седмица по една лекција од Марјан Вучковиќ од неговата книга “21 ден во Кина“ за вештачката интелегенција и иднината на бизнисот
- За денес е закажана вонредна седница на Советот на Општина Битола
- Бојана Скендеровски откри кој ќе ѝ прави друштво на сцената во Битола
- Во Битола сончево, температурата до 22 степени
- Еурофарм Пелистер 2 убедлив против Тиквеш во Битола и нов чекор кон плеј-офот (фотогалерија)





