Пред 10 години на спортскиот аеродром во близина на Битола, кај село Логоварди се одржа 4.по ред, а него го следеа неколку илјади битолчани, а аеромитингот беше составен дел од прославата на независноста на Македонија, ги започна своите сеќавања за настаните пред 10 години, Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.На 4. по ред меѓународен аеромитинг “Битола 2011“, на кој учество зедоа Воздухопловниот ВИНГ на АРМ, хеликоптер “МИ-8/17“, борбен хеликоптер “МИ-24“, авиони “ЗЛИН
242Л“. На митингот се одржаа и падобрански скокови, акробатски летови со едрилица, демонстративни летови со ултралесни летала, воено-маневарски летови со хеликоптери, како и други акробатски летови.-По дваесет години над Битола помина млазен авион, а овојпат тоа беше “Галеб“, единствен авион кој може да слета и на тревната писта во Логоварди. Пилотот Драган Амиџиќ со авионот долета од Нови Сад, Србија и е дел од аерофлотата “Ѕвезди“ која учествува на меѓународни аеронатпревари, имам запишано во мојот новинарски бележник, вели Миновски.
Од воениот хеликоптер на АРМ први скокнаа припадниците на АРМ вкупно 16 кои со будност ги следеа битолчани, а за првпат во Битола се одржа и аерорејсинг-трка на која учествуваа летала.
Аеромитингот “Битола 2011“, како што рекоа организаторите, е единствена ваква манифестација од Задар, Хрватска, до Атина, Грција, а заврши во неделата со панорамски летови над градот, како и со запознавање на јавноста со секциите на Аероклубот “Мирко
Тодоровски“ од Битола.

Деновиве пред 10 години: 4. по ред аеромитинг во Битола (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Трет координативен состанок на проектот “Превенција и управување со прекугранични комплексни поплави и шумски пожари – СОЛВЕ“
- Во Офицерски дом неделава шах за ветерани, изложба на словенечки уметници и концерт на Камерниот оркестар
- Деновиве пред 10 години: Одбележување на 114 годишнината од дипломирањето на Мустафа Кемал Ататурк (фото)
- Деновиве пред 10 години: стартуваше кампањата за локалните избори 2013
- Во Битола синоќа кошарка, на пладне фудбал, попладне ракомет, за 24 часа битолчани гледаа четири првенствени натпревари (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Кошаркарите по поразот од Чаир продолжија со победите
- Одбојкарките на Пелистер Волеј поразени во Скопје, на поразот кумуваа судиите, од 0:2 до 3:2
- Во Битола сончево и топло со мала до умерена облачност, температурата до 19 степени
- Еурофарм Пелистер без мака на Куп завршницата, “двојката“ не успеа
- 15 санкционирани возачи под дејство на алкохол на територија на СВР Битола