Кандидатот за градоначалник на Битола, Тони Коњановски, оствари средба до дел од Сојузот на борци од Битола, а потоа изјави:
-Антифашистичката борба за национална слобода и АСНОМ, заедно со двата Илиндена, се цврстите темели, врз кои е изградена современата македонска држава. На денешната средба со претставниците на Сојузот на борци, заедно се обврзавме, дека ќе ги вклучиме новите генерации во одбележувањето и негувањето на датумите и хероите од овој период, а новата локална самоуправа ќе се погрижи за достоен изглед, уредување и одржување на спомениците и партизанските гробишта.






