Носителот на советничката листа на “Поинаку“ – Габриела Илиевска и кандидатите за советници денеа ја започнаа кампањата за локалните избори, на како рекоа, на поинаков начин.
-Утринско кафе и весник е поим за битолчани, па токму така стартуваше и нашата кампања. Програмата на креативен и културен начин е напишана ни помалку ни повеќе туку во вид на весник, на чии страни се содржани потребите на нашите сограѓани, решенија на проблемите со кои се обратиле до нас, но и проекти кои значат оживување на нашиот град. Битолчани секогаш денот го почнувале со кафе и весник на Широк Сокак. Традицијата мора да продолжи и Битола да биди ослободена. Новиот весник на Битола се вика “Поинаку“, а “Поинаку“ е последната шанса на Битола, велат од Поинаку.

“Поинаку“ ја започна кампањата со промоција на програмата во весник
More from ВестиMore posts in Вести »
- Секој вторник, во следните 21 седмица по една лекција од Марјан Вучковиќ од неговата книга “21 ден во Кина“ за вештачката интелегенција и иднината на бизнисот
- За денес е закажана вонредна седница на Советот на Општина Битола
- Бојана Скендеровски откри кој ќе ѝ прави друштво на сцената во Битола
- Во Битола сончево, температурата до 22 степени
- Еурофарм Пелистер 2 убедлив против Тиквеш во Битола и нов чекор кон плеј-офот (фотогалерија)





