Денес во средното земјоделско училиште “Кузман Шапкарев“ од Битола, психологот Марија Филиповска која е и претседавач со Општински совет за превенција на детско престапништво на Општина Битола заедно со Жанета Ристевска психолог од ОУ “Св. Кирил и Методиј“, во рамките на Програмата на ОСПДПБ за 2021 одржаа предавање од областа на “Сајбер насилство – Заштита и безбедност при користење на ИНТЕРНЕТОТ“.
Целта на ова предавање беше подигање на свеста за сајбер насилството, поголемата едукација на младите како да се заштитат и како безбедно да користат интернет е најбитна и е неопходна за да можат да ги ползуваат благодатите на онлајн светот.
Зголеманата изложеност на интернет што ја наметна пандемијата, посебно во делот на он-лајн настава и континуираното користење на сите социјални мрежи доведува до се почеста појава на сајбер насилство и други девијантни појави. На ова предавање беше појаснато што се се смета за сајбер насилство и последици од истото.
Исто така на учениците им беа посочени главни ризици при коистење на интернетот и им беа дадени препораки како безбедно да се користи интернет. На крај учениците беа информирани за законските мерки кои ги предвидува кривичниот закон и каде и како треба да се пријави сајбер насилството.

Во земјоделското училиште во Битола предавање од областа на сајбер насилство (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Секој вторник, во следните 21 седмица по една лекција од Марјан Вучковиќ од неговата книга “21 ден во Кина“ за вештачката интелегенција и иднината на бизнисот
- За денес е закажана вонредна седница на Советот на Општина Битола
- Бојана Скендеровски откри кој ќе ѝ прави друштво на сцената во Битола
- Во Битола сончево, температурата до 22 степени
- Еурофарм Пелистер 2 убедлив против Тиквеш во Битола и нов чекор кон плеј-офот (фотогалерија)





