Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: вонредно собрание на ФК Пелистер

Вонредните собранија не биле нешто непознато за спортските клубови во Битола кога од разни причини се одржувале и најредовно со една точка од дневниот ред, разрешување на Управата и најзначување на нова Управа, односно нов претседател. Такво вонредно собрание се одржа пре 10 години во ФК Пелистер, кога Пелистер беше во Втората лига, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.

Миновски се присети и тоа дека во некое друго време вонредните собранија ги организирал Сојузот на спортови или поранешна СОФКА, а нивни член бил на чело на клубот на кој “не му одело“.

-На Вонредното собрание на фудбалскиот клуб Пелистер, со кое раководеше Томе Аџиев едногласно беше донесена одлука Димче Шеровски да биде новиот претседател на Пелистер, а по изборот тој го соопшти и Управниот одбор, вели Миновски, цитирајќи како што е запишано во неговиот новинарски бележник и додада дека претходно беше разрешен стариот претседател Круме Волнаров, кој даде и краток извештај за своето раководење.

На седницата со која раководеа, Томе Аџиев, Трајче Масалковски и Пеце Стојчевски, беше присутен поренешниот претседател на Пелистер, Ванчо Атанасов, претставници на “Чкембарите“, и други битолчани заинтересирани за Пелистер и таа помина во најдобар ред и без какви било забелешки околу водењето на истата и донесените заклучоци и одлуки.

Во текот на седницата поради неактивност беа разрешени десетина членови на Собранието на Пелистер и на нивно место беа назначени нови членови, а дел од нив беа предложени за членови на новиот управен одбор. Исто така, на Собранието беше донесена одлука за промена на статусот на клубот, односно Пелистер согласно новите законски прописи да се пререгистрира како здружение на граѓани, а потоа тоа да се промени и да се регистрира како акционерско друштво, за да може да се натпреварува во Првата фудбалска лига.

More from БитолаMore posts in Битола »
More from ВестиMore posts in Вести »