Press "Enter" to skip to content

Празнично есенско попладне низ градскиот парк и Тумбекафе (фотогалерија)

Денешното празнично попладне во Битола, кога престана дождот по неколку дневни врнежи и облачно време,  битолчани го искористија за прошетка низ градскиот парк. На некое време и сонцето се појави после неколку дена тмурно време со обилни врнежи кои ја имаат зафатено Битола.  Оние кои излегоа после дождот можеа да уживаат во убавините на рана есен  со сите нијанси на златна, портокалова, зелена, кафеава боја. Исто така и во глетката кога понекој златно жолт лист  паѓа на земјата правејќи килим.  Вљубените парови потполно се вклопија во есенскиот пејсаж на паркот,  така да паркот потсетуваше на сцени од филм.Велосипедистите и рекреативците го направија својот дневен тренинг. Родителите со своите деца го искористија времето да излезат после двата дождливи денови. Сопствениците на миленици исто така.Но, најповеќе уживаа оние кои фотографираа, бидејќи без оглед каде и да фотографираш,  секој дел од градскиот парк има посебна убавина и бои.Тоа го покажуваат и фотографиите кои ги направивме вдолж паркот до Градскиот стадион и Тумбе Кафе. Всушност тие зборуваат повеќе од сите зборови напишани во текстот.

Жанета Ристевска, фото: Дамјана

More from БитолаMore posts in Битола »