Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: од 15 до 21 октомври 2011 година 32. по ред ИФФК “Браќа Манаки“

-Во Битола, октомври 2011 година под мотото “Продолжи да гледаш“  се одржа 32. издание на еден од најреномираните, а воедно и најстариот фестивал на кинематограферите, Интернационалниот филмски фестивал “Браќа Манаки“ по водство на Лабина Митевска, како директор, во Битола присуствуваа голем број културни, филмски работници од државата и светот, поддржувачи на филмот и вљубеници во него, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.На свеченото отворање на филмскиот фестивал во Битола беше доделена на престижната награда “Златна камера 300“ за животно дело која во 2011 година ја понесе врвниот филмски кинематографер од Италија, Данте Спиноти.

-Српскиот актер Предраг Мики Манојловиќ беше добитник на специјалната награда “Златна камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност на 32. издание на “Браќа Манаки“ а на 21 октомври тој во Битола ја прими наградата. Мики Манојловиќ е еден од
најискусните и најангажирани актери од Србија и поранешна Југославија, со филмографија од речиси сто наслови во различни категории и добитник на низа високи награди и признанија, вели Миновски.-Пред многу години стоев на оваа сцена во Битола. Не како глумец, туку како посетител и љубител на театарот. Во Битола ме донесе големиот европски режисер Слободан Унковски. Битолскиот Народен театар беше најјакиот театар во поранешна Југославија. Јас не би бил она што сум денес, ако во мојот живот не постоеја луѓе каков што е Слободан Унковски со кого правев само една, но многу важна театарска претстава во мојата кариера, театарскиот “Хрватски фауст“, рече Манојловиќ по добивање на наградата.Специјална “Златна камера 300“ беше доделана на францускиот кинематографер Бруно Делбонел за особени актерски остварувања во светскиот филм, заврши официјалниот дел на Фестивалот, на кој продефилираа филмски уметници, критичари и филмаџии од целиот свет.

Со филмот “Беса“ во кој главната улога ја игра токму Мики Манојловиќ беше спуштена завесата на 32., по ред издание на Интернационалниот филмски фестивал “Браќа Манаки“ кој  понуди богата филмска понуда на која беа прикажани над 70 филмови.