Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: градско ракометно дерби Пелистер-Битола (фото)

-Како и денес кога имаме две ракометни екипи од Битола кои играат во Супер ракометната лига, истото го имавме и пред 10 години, во сезоната 2011/12, кога во лигата настапуваа екипите на Пелистер и Битола, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското спортско новинарство. -На 22 октомври, во редовниот ракометен термин во сабота, во 18,30 часот се одигра градско ракометно дерби по многу години во рамките на Македонската супер лига, во кое екипата на Пелистер беше подобра од екипата на новиот суперлигаш Битола и победи со 31:19, полувреме 16:7, вели Миновски, и додаве дека во неговиот новинатски нотес е запишано и следното:-“Пелистерци“ на градското дерби беа предводени од новиот тренерски тандем Кире
Поповски-Александар Зарков, а екипата на Битола ја водеше Петко Босеовски. Победата на поискусната екипа на Пелистер не беше доведена во прашање ниту во еден момент, а
екипата на Битола доживеја уште еден пораз во негативната серија која ја имаат.Покрај актерите битолчани беа и судиската двојка Тодоровски-Митревски и делегатот Балтовски, се заедно за едно комплетно ракометно битолско дерби.

More from БитолаMore posts in Битола »
More from ВестиMore posts in Вести »