Сензационалната победа на младите ракометари на Еурофарм Пелистер 2 им донесе голема и заслужена радост, но и на публиката и секако сопствениците на клубот.Години нанаад во Битола немало ваков ракомет, ракомет во кој ракометарите со толкава борбеност му се спротиставија на големиот Вардар, двократниот шампион на Европа, борбеност која може да биде за пример на сите спортисти, како се сака и како се гине за боите на клубот.
Големата борба за победата им донесе и голема радост на ракометарите кои заедно со навивачите кои беа осми играч во Битола. Радост во која се радува Благојче, Папата, Чек, претседателот Зоран, навивачката хрупа “Чкембари“, кошаркарите кои ги бодреа, ветераните “Чкембарите“, а во тој момент со многу емоции на паркетот во салата имаше и солзи радосници кај некои млади ракометари, кај Бојан…
Заслужена радост бодејќи години наназад никој освен нивните “постари браќа“ од единицата го нема победено Вардар и затоа дел од ракометарите завршија кај публиката за заеднички да го поделат успехот.
Моменти на радост кои ги пренесуваме низ фотогалерија, но чувството вечерва да се биде дел од оваа победничка атмосфера во Битола, не може да се опише, а она што го доживеаја младите ракометари и публиката е едно и единствено, а така беше и во соблекувалната на “пелистерци“.

Моменти на радост кој секогаш ќе ги паметат младите ракометари и публиката во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: приведени две лица за оштетување на инвентар во угостителски објект, други две лица за мегусебна тепачка, принајдена експлозивна направа
- КЈП “Нискоградба“ Битола: спортските реквизити се привремено демонтитани, додека се постават гумени плочки
- Притвор за дилер од Битола, им давал марихуана и на деца
- Симулациона вежба за евакуација и итна интервенција при појава на пожар во Висока медицинска школа – Битола
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, утре значајно заладување
More from СпортMore posts in Спорт »
- Илија Абутовиќ останува во Битола и следната сезона, ќе командува со одбраната на Еурофарм Пелистер
- Злато за Даниел Зхоу Главевски, студент на УКЛО Битола на Државното Универзитетско Првенство во пинг-понг 2025
- Претседателот на ФФМ во посета на Битола: Сѐ мора да биде совршено за Македонија – Италија У21
- Реми на Пелистер во претпоследното коло против Силекс
- КК Пелистер по завршената сезона: лекцијата е научена, следната сезона ќе биде сезона на КК Пелистер, клубот е поставен на здрави темели