Press "Enter" to skip to content

Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, утре значајно заладување

Денес, четврток, 15 мај, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта можност за локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 22 степени.

Утре, петок, 16 мај, во Битола, времето ќе биде облачно и свежо со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат обилни и до крајот на денот ќе наврне над 30 л/м2 . Ќе дува умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 13 степени.

More from ВестиMore posts in Вести »