Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: наградата за животно дело во 2011 за анхимандрит Партение

Сега кога се наближуваат празнувањата за Денот на ослободувањето, накратко сакам да ги потсетам битолчани за тоа дека пред 10 години, по повод 4. Ноември, наградата за животно дело му беше доделена на архимандритот Партениј, битолчанец старешина на Бигорскиот манастит, вели Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.

На прославата во Народниот театар во Битола, беа доделени и поединечните награди за приватната гинеколошка болница “Плодност“, карикатуристот  Блаже Докулевски, Фестивалот на сериозна и класична музика “Интерфест“ и м-р Елена Гроздановска.Наградите беа доделени во присуство на голем број гости, претставници на политичкиот, културниот и јавниот живот од градот и државата, делегации на збратимените градови на Битола, Епинал, Франција, Стари Град, Србија, Риека, Хрватска и Крањ, Словенија.

По доделувањето на наградите се одржа и одржа сценско-музичката програма, во изведба на артистите од Народниот театар во Битола, а претходно имаше полагање букети свежи цвеќиња на Споменикот на ослободителите пред Центарот за култура, како и со потпишување на Повелбата за збратимување со градот Риека, Република Хрватска.

Наградите го додели тогашниот градоначалник Владимир Талески и зборуваше и за постигнувањата на Битола меѓу двата родендени.

More from БитолаMore posts in Битола »
More from ВестиMore posts in Вести »