Press "Enter" to skip to content

Во Битола 58 нови позитивни на ковид-19, оздравени 10, активни случаи 358

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа, направени се 3.594 тестирања, а регистрирани се 568 нови случаи на КОВИД-19, од нив во Битола се 58.

Регистрирани сe 390 оздравени пациент од Битола се 10.

Досега во Битола има 7601 случаи на ковид 19, а активни се 358 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица, нема од Битола.

Направени се преку ЦЈЗ Битола 79 и преку Плодност 40 ковид тестови.

Досега во Македонија се направени вкупно 1.396.992 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 204.416, бројот на оздравени пациенти е 189.947, на починати е 7.194, а бројот на активни случаи изнесува 7.275.

More from БитолаMore posts in Битола »