Press "Enter" to skip to content

Ана Ивановиќ, прво странско засилување во Пелистер Волеј од Битола, спортот најзначаен во мојот живот (фотогалерија)

Жанета Ристевска

“Сите за еден еден за сите“ мото на  екипата  Пелистер Волеј од Битола, кое Ана Ивановиќ не само што го прифаќа туку е еден од промоторите.

Повод за разговор со младата Ана Ивановиќ од Србија е нејзиното потпишување договор со битолскиот суперлигаш екипата на Пелистер Волеј од Битола. Таа е  прва странска одбојкарка во редовите и доаѓа на позицијата примач од  Раднички од Крагуевац.  Со Ана разговаравме за нејзините преговори, доаѓањето, прилагодувањето и првите натпревари во клубот, за Пелистер Волеј. Ана многу професионално подготвена дојде на интервјуто со свои белешки, фотографии од нејзина архива од претходни натпревари во Србија. Го  Започнавме рзговорот спонатно  за нејзните впечатоци од Битола.-…Еве  се привикнувам, но морам да ви признаам дека лесно ми е бидејќи вие македонците сте многу гостопримлив народ, секаде ме дочекуваат многу отворено, убаво, во клубот посебно. Го учам македонскиот јазик и разбирам се што ми зборувате, само се уште не знам да одговорам на македонски, но ќе биде и тоа. Мило ми е што  се слуша српска музика насекаде и тоа многу ме израдува. Овде во ресторанот “Аурум“ доаѓам на ручек и вечера, многу е пријатно. Спортот ми е најважен моментално во животот. Студирам на Факултет за физичка култура ДИФ во Лесковац, трета година. Моите соиграчи ме прифатија многу убаво. Комуницираме на двата јазици, тие учат српски, јас македонски.  Во Битола многу добро сум прифатена, од моите соиграчи одбојкарките на Пелистер Волеј каде владее вистинска екипно заедништво…, рече Ана на почетокот кога го започнавме разговорот, неформално.Така и започнавме со прашањето, како започна со спорт одбојка и кога, а Ана беше подготвена за разговорот носејќи со себе напишано за она што ќе ја прашам, што зборува за нејзината професионалност, а за своите почетоци во одбојката рече:-Јас сум Ана Ивановиќ родена сум во Крагуевац 2000 година. Започнав да тренирам одбојка на свои 7 години. На почетокот тоа беше т.н “Школица спорта“ каде имаше елементи  на одбојка. Подоцна веќе како пионерка и кадетка  своите први спортски натпревари  ги направив во ОК Крагуј од Крагуевац. Потоа одиграв многу натпревари на многу регионални, државни натпревари и турнири во помлади категории во овој клуб.

Сениорски натпревари

-Подоцна започнав и посериозно да тренирам одбојка во сениорска конкуренција. Во тој период доаѓа до фузија на двата клуба Крагуј и Раднички во Крагуевац и така своите први сениорски натпревари ги одиграв за Крагуј кој се натпреваруваше во првата “А“ и првата “Б“ лига. После успешно одиграни две сезони во Крагуевац добив покана од Врање кој исто така се натпреваруваше во првата “А“ лига на Србија. Во овој клуб одиграв две сезони и повторно се враќам во Раднички, но уште на самиот почеток на сезоната го повредив глуждот, а таа  повреда ме одвои од теренот неколку месеци. После повредата со голем напор, дисциплина и тренинзи се вратив и изборив за своето место во многу посилна екипа од претходно.Преговори со ОК Пелистер Волеј

-После одиграна сезона за Раднички тренерот на Пелистер Волеј, Роберт Митковски кој ја имаше забележано  мојата игра на терен од снимки на  натпревари. Заради тоа ме исконтактира, потоа  следеа телефонски разговори заради неможност за да се видиме и преговораме на поинаков начин, со оглед на епидемиолошката состојба заради  пандемија. Се договоривме и склучивме  договор  за една година престој во Битола и мое приклучување во ОК Пелистер Волеј.Први натпревари за екипата на  Пелистер Волеј на одбојкарскиот 9. по ред турнир кој традиционално го организира екипата на Пелистер Волеј.

-Прекрасни натпревари, кои беа загревање пред претсојната сезона. На овој начин ги запознав на терен моите соиграчи и другите екипи кои учествуваа. На турнирот забележав дека одбојкарките гинат на теренот и тука важи правилото во најдобра смисла на зборот “Еден за сите, сите за еден“.Почеток на новата сезона 2021/22 од прва државна лига против екипата ја Вардар.

-Стратуваваме во Скопје против минатогодишниот шампион и финалист Вардар жени 2019, а тоа беше натпревар со победа. После долгите подготовки сите го очекувабаме почетокот на сезоната, а потоа и „дерби. Дербито секогаш носи со себе некој посебен жар, ќе кажам дека сум многу среќна што сезоната ја започнавнме со победа се надевам дека ќе продолжиме така. Нема подобар начин на  отварање на сезоната и тоа со победа, но потоа имавме пораз на домашен терен, па нова победа, но тоа е спорт, се победува и губи. Денес имаме нов натпревар во Битола и желба кај сите нас за нова победа.За своите соиграчи

-Многу добро ме прифатија, се дружиме и приватно јас го учам македонскиот со нив, а тие српскиот. Такво заедништво кое постои меѓу одбојкарките на Пелистер Волеј немам почуствувано и сретнато досега. Мото “Сите за еден, еден за сите“ тука добива значење во вистинска смисла на зборот и само треба да се почуствува на терен.  Нема истакнување и привилегија на еден играч. Тоа е многу добро за екипен спорт како што е одбојката.За своите тренери

-Воспоставивме мног добра комуникција уште со преговорите. Тие се заслужни за атмосферата во екипата, каде нема привилегии за еден играч. „Еден за сите, сите за еден“ мото во клубот е сигурно нивна заслуга. Тие исто така се и мотиватори и покренувачи на енергија и позитивен дух и кога се победува, но и кога се губи. Ана Ивановиќ низ разговорот кажа дека спортот е најзначаен во нејзиниот живот. Со тоа и  голема  мотивација за нејзината понатамошна кариера. Нејзината  професионалност  и сериозен пристап ме воодушевија со што и го заслужува своето место на првотимка во одбојкарската екипа на Пелистер Волеј. 

More from ИнтервјуMore posts in Интервју »