Press "Enter" to skip to content

Жељко Бабиќ, тренер на Еурофарм Пелистер: тренерот мора да верува во себе, како инаку ќе му веруваат играчите, и е еден вид духовен водач, (фото)

Жанета Ристевска

Разговор со повод  Жељко Бабиќ тренер на екипата ракометниот клуб Еурофарм Пелистер  со спортски бекграунд, селектор на репрезентацијата на Хрватска и освоено сребро на олимпијада со изгубен натпревар од еден гол за злато. Покрај во Хрватска работел како тренер во Белорусија, Словенија. Сега тренер во Битола, на Еурофарм Пелистер веќе две години. Што повеќе да се каже кога овие факти постојат во неговата спортска кариера како тренер. Интервјуто го направивме во канцелариите  на Пелистер Еурофарм каде со ракометарите од екипата ги правеше последните подготовки  пред натпреварите кои ги очекуваа екипата во Битола и Португалија. Започна спонтано:-…Ова беше видео тренинг со играчите, можевте да влезете и присуствувате. Овде поминувам голем дел од денот, можам слободно да  кажам цел ден. Поточно од 9 до 23 часот со мали паузи измеѓу, кога одам дома близу живеам на ручек или рекреација да возам со велосипед или пешачам.  Тука се држат состаноци со играчите, директорот, управата, новинари, пријатели…  Овде се случува се што е поврзано со екипата на Еурофарм Пелистер во организациона смисла. Тука се и пресовите со новинарите и се друго. Ова е срцето на Еурофарм Пелистер, а ние сите други човечкиот фактор – душата. Пелистер Еурофарм има нешто што го немаат другите клубови, ние го освоивме Супер купот оваа година, а друга цел е поминување во најдобрите 16 во Европската лига, а тоа можеме да го реализираме. Ќе играме за првенство на Македонија и Купот. Многу ќе бидам задоволен да освоиме уште еден трофеј. Играме добро, се презентираме одлично и  во рамките на  нашите можности и отворено кажувам дека сме многу близу до максимумот и прашање како да го одржиме сето ова. Најважно и основа на се е комуникацијата и решавање на конфликтите. Најдобриот тренинг  ќе биде лош ако нема комуникација. Тренерот треба да биде психолог…Зошто го избравте  Еурофарм Пелистер кога со вашата богата кариера селектор на ракометната репреентација на Хрватска со освоено сребро на Олимпијада, сигурно можевте да ја продолжите кариерата во било кој клуб.

-Направив пауза некое време заради болест на татко ми од 18 месеци и во тој период  ги следев  натпреварите на многу клубови. Забележав дека во повеќе натпревари во Лига на шампиони екипата на Еурофарм Пелистер натреварите ги губи за еден гол поен. Тоа ме заинтригира.  Претходно имав добиено  позив од клубот и дојдов само за една работа да се промени тој резултат. Да придонесам во клубот и  се уште верувам дека јас како тренер и овој клуб не го достигнале максимумот. Ког проценив што јас можам, колку  простор за напредување имаме, за да не губиме со еден разлика. Сега,  ние не губиме со еден гол разлика. Денес ја имаме оваа канцеларија која ја немавме, можеме тука да покажаме дека имаме подобро животно опружување и социјално опкружување. Да донесам среќа на луѓето и задоволсто во спортот и на оние кои вложуваат и кај публика и навивачите. Сметам дека за овие две години работа, бев дисциплиниран, сакам да направам подобро од колку што беше, а дали успеав ќе каже времето.  Јас се трудам да извлечам од играчот максимално, без навреди и притисок. Се залагам за вредности во тимот а тоа се:  ангажман, дисциплина и релации – меѓусени односи. Кога даваме сто проценти од себе, а изгубиме значи дека другата екипа била подобра од нашата. Решавање на конфликти, добар тренер е онај кој ќе реши повеќе проблеми кај своите играчи. Секој тренер е добар кои ги решил сите слабости во својот тим и станува подобар тренер, со тоа.Оттука се наметна и прашањето кои се насоките кои ги давате како тренер за да се подтигне ова?

-Сум работел во Белорусија, Хрватска, Словенија и во Македонија. Нема правило на водство, модерно водство е трансформациско водство и промени. Во секоја држава различно водство, различна култура, различни карактери. Сите луѓе се различни и на секој играч се приоѓа различно. Добар тренер води со добар пример, ако не верувам во себе како ќе ми ваеруваат. Ако не сум мотивиран ако ќе ги мотивирам играчите. Одличен тренер е целовита личност, која верува во себе има самопочит и холистички пристап.  Самопочит, самодоверба, а не кукање кое понекогаш сите ние како тренери го имаме. Своите стравови ги пренесуваме на играчите. Ако си свесен за своите слабости можеш да се конфронтираш со своите проблеми. Мораш да ги освестиш своите слабости. “Селф контрол“ и самодисципина одговорност, работ. Секоја неумереност не е добра. Во мојата работа користам анализи. Со анализа ние ќе станеме подобри тренери.Со ова  тренерот мора најповеќе да биде психолог, а потоа се друго во екипата. Кажете повеќе околу ова.

-Приоритет ми се меѓучовечките односи, бидејќи тоа е основа на се.  Читам многу околу тоа и работам на тоа, пред тренингот, тоа е основа на се…  И најдобар тренинг ќе биде лош ако нема добра комуникација.  Правам анализи, а во последната која им ја зададов на ракометрите ги прашав за три компоненти, а тоа може да биде црта на личност, тактика, перформанс зашто ние играме добро во последниот месец, која е причината. Анонимно еве некој од играчите навел три: дисциплина, тимска работа и разбирање на другите. Тоа е таа  социјални и емоционална интелигенција. Добри релации и односи ако го имате тоа, тогаш нема меѓусебни обвинувања, нема барање на виновник кога некој погреши, лоша игра, пораз… Најчесто кај нас се бараат виновници. Можеби тука некаде, најголем виновник ако се изгуби натпревар е тренерот, а кога има пропуст во организацијата директорот.Дали со ова се прави голем притисок кон тренерот, управа, навивачи, публика…

-Често се кажува тренерот притиска, вика. Никогаш не користам збор, мора. Можам да повисок тон, но пробувам вербалата комуникација не сме да биде таква за да не дојде до некое навредување. Јас се трудам да извлечам од играчот максимално, без навреди и притисок. Викањето е немоќ. Генерално дерењето нема учинок и не можете да постигнете и извлечете максимум од играчите.  Играчот може да почуствува навреден. Исто така и во други ситуации како … јас сум најдобар, не ме става да играм, не шутнав доволно, само два пати…. Затоа као тренер имам холистички пристап и сметам дека секој спортист било да е ракометар, кошаркар, одбојкар… прво е личност со свои карактерни црти и темперамент, кои се  единствени. Потоа тој карактер и темперамент личноста ја пресликува во спортот. Затоа е потребно да ги увиди своите карактерни црти и со тоа се подобри комуникацијата со соиграчите која е најважана. Тимска работа и дух кој постојано се кажува и нагласува. Победа и пораз и како се реагира на нив се некако најзначајни. Ако се победи се издигнуваат играчите, тренерот исто така и не се бара ништо друго. Ако се изгуби тогаш е поинаку. Потребно е да се анализира се и дека тоа е еден процес и залагање на сите и не треба само да се гледа дека се изгубил натпревар туку и се друго. На тој начин ќе се тргне притисокот кон играчите. Како ја доживувате Битола, град кој живее и живеел за ракомет

-Се најдобро за македонскиот народ и  гостопримство. Уживаат во животот, спортот.  Јас поминувам голем дел или скоро цел ден тука во канцеларија  од 9 до 23 кога си заминувам дома. Заради тоа можеби и не можам да одам на кафе во град и уживам на сонце.  Морам да седам тука и  анализирам и го подготвувам секој натпревар посебно и со многу вложување, а тоа да им го пренесам на ракометарите. Проценив колку можам да придонесам со своето знаење, искуство и во склад со своите можности. Тимот мора да има вредности и позитивна енергија. Сметам дека вредностите како да се биде дисциплиниран, сто проценти ангажман и добри релациии во тимот нараснаа за овие години. Потоа тука е чувството на огромна припадност кон клубот и што е поголема припаднста толку успехот е поголем. Со тоа и професионалноста на играчите. Не можете  да бидете успешни ако не сте сто проценти дисциплинирани Да освоивме уште еден трофеј, да бидеме први во првенството. Добро играме, и во склад со нашите можности сме  блиску до максимумот. Многу поголемо прашање е како да го одржиме ова и да му дадеме радост и задоволство на овој град вљубеник во ракомет.Семејството е  во Сплит, како функционирате на далечина?

-Се разбира на сите ние тешко. Сопругата со моите три деца живеат во Сплит имаат свои обврски, таа на работа, а тие на училиште. Сфатив дека многу е тешко да доведете семејството тука каде сум ангажиран, а и досега каде и да сум бил тренер, а тоа било на повеќе места, не сум го водел семејството. Функционираме на далечина, јас патувам за да ги видам. Додека сите функционираме добро на овој начин јас ќе продолжам вака, се до оној момент кога нема да функционираме добро.  Тогаш ќе  напуштам се и се враќам дома, без разлика кој тим ќе го водам и на кое место ќе работам. Семејството ми е многу значајно и на прво место ми, пред моите ангажмани. Ќе ви објаснам од кои причини. Ако беше тука моето семејство денес ќе бев со семејството, немаше да имам време во сабота кога сите на кафе или во Солун,да бидам со вас. Имам три деца, за да се постветиш сто проценти на нешто мора нешто да трпи. На овој начин сите ги прават своите обврски, Сигурно ќе дојде време кога ќе поминувам  многу време  со својата фамилија.

Порака до битолчани.

-Би сакал да се вложуваат многу материјална средства во спортот, не само ракомет туку и кошарка, фудбал, пливање, тек ван до…. Ова е порака повеќе до надлежните за ова, не само во Битола, туку во цела држава, сите кои ги видат државите, без разлика каде се дали во Македонија, Србија, Хрватска… На тој начин ќе ги насочуваме  и младите личности во спортски дух и дисциплина и изградување на подобри личности.

За крај кој е Жељко Бабиќ?

-Роден сум во социјализмот во традицинално семејство каде се знаеше дека родителите се центар и мора да се слушаат покорно. Себеси се развивав низ едно животно патување. Секогаш размислуваав со своја глава. Бев дисциплиниран, не пушев, не пиев, не излегуваав по дискотеки, а ни денес. Иако правев некои лудости. На пример да  возам 500 км на мал мотор од 50 “кубици“ на пример од Сплит до Тузла, што немаше никаква смисла. Или преку планина низ снегови. Но тоа беше сигурно еден  предизвикувачки натпревар  со себе.  Како да се победи стравот? Одговорност и дисциплина најповеќе напредував во еден сегмент, кога си кажав дека потребно е да не се лажам себеси, а ни  другите. „Диоген, човек слободен и чист“ дело во која се опфатени сегменти од филозофија, духовност, емоционална интелегенција и спорт. Тоа е  “Диоген слобеден и чист“ кој чека рецензија. Диоген го бараше човекот, а всушност се бараше самиот  себеси. Така сите се бараме себеси. Старите Грци трагале да бидат среќни. И ние трагаме по тоа се уште.  Книгата опфаќа филозофија, психологија, социјална интелегенција, и поврзана е со спорт. Доаѓаме до тоа зошто има среќни, успешни луѓе. Книгата ќе помогне да бидеме подобри луѓе.Со последното прашање сакав да ја доловиме комплексната личност на Жељко Бабиќ со кој  разговараме на многу теми од филозофија, психологија, спорт и разговорот можеби траеше подолго, но од овој човек има што да се слушне и научи. Трагањето по Диоген сигурно ќе го продолжи на начин својствен за него. Само ќе кажам дека ова беше разговор со најдоброто кафе, во како кажа Бабиќ во канцелариите на Еурофарм Пелустер, каде с срцето на клубот, а душата се чувствува во најпозитивна смисла.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from ИнтервјуMore posts in Интервју »