Press "Enter" to skip to content

Горан Пинза, лиценциран туристички водич, фриленсер, кој на своја режија довел околу 3.000 туристи во Битола (фото)

-Дипломиранипт  менаџер по туризам и угостителство Горан Пинза за Битола ќе каже: Битола град со 3.000 клавири, опејани 600 песни, конзулати… емотивно го доживувам тоа кога им ја претставувам на туристите. Се залагам Битола со својата идеална местопложба да биде атрактивна за туристите и да не се само на  поминување.

Жанета Ристевска

Корона кризата остави големи последици врз економијата, а туризмот како сектор најзасегнат, заради сите мерки на заштита и затварања. Со ова и повод за  разговор со личност од овој сектор, некој кој се залага за  т.н. „incoming “ туризам, односно влез на туристи во нашата држава, посебно Битола. Личност кој на најдобар можен начин ја промовира Битола како туристички водич. Горан Пинза е лиценциран туристички водич, фриленсер кој на своја режија довел 3000 туристи во нашиот град. Со свој профил на  веб страни за светски туристички водичи.  Иницијатор и член на тимот за изработка на туристичка  карта на градот Битола, и предлог  Програма со 15 точки за подобрување на туризмот во градот до  Општина Битола. Еден од иницијаторите на движањето за чист воздух „За нас се работи“. Зборуваше за сите овие теми отворено вели:-Секаде каде увидов нечесни игри јас се повлекував, сам ги напуштив кога “сетив“ нечесни игри, за кои отворено кажувам и  ќе образложам низ разговорот понатаму.  Сметам дека без оглед на политичка припадност треба сите да се грижиме за градот Битола. Битола град на клавири, конзулати, богато културно историско наследство,  идеална местоположба: 25 минути Национален парк, 25 минути Препанско езеро, 10 минути до граница со ЕУ, 1 час минути Охрид, 1 час Крушево,  40 минути Мариово…се во круг од 30-60 минути. Со сите овие каракатеристики, се залагам да стане атрактивен туристички град. како што и заслужува да биде.

Горан Пинза битолчанец  градско дете, чесен и фер-плеј играч што би рекле битолчани. Вљубеник во планината Пелистер, активен планинар, го покренува  проектот „Да го запознаеме Пелистер“  бесплатни едукативни излети до Пелистер за млади од 10-15 години. Авантурист, спортист, кошаркар, некогашен член на навивачката  група “Чкембари“, навивач за  Пелистер од Битола од најмала возраст. Навивал на 3 европски превенства  во ракомет, 3 европски првенства во кошарка, едно европско во фудбал… Како што кажа низ разговорот многу широки интереси уште од деството и започна:За себе…

-Детството го поминав во најубавиот дел од градот за мене, близу Руска црква, односно делот кај офицерски, фонтаната, кошаркарското,тениско  игралиште, паркот…  Другарство големо… Тука сите друштво другари неколку години поголеми или помали сите се дружевмне, тоа беше сосема различно дружење од денес,  возење со велосипеди, скироли, потоа на кошаркарско, ракометно, во паркот…. Од мал се занимавам со спорт, омилен спорт  кошарка и активно тренирав во  КК Младост повеќр години.  После повреда  останав само вљубеник во спортот и навивач.Страстен навивач на Пелистер и на македонските репрезентации, еден подолг  член на навивачка група “Чкембари“…

-Од мала возраст се занимавам со спорт, кошарка по сериозно, потоа и тенис, пливање, планинарење.  Од мала возраст 7 ,8 години  ги пратам сите натпревари на битолски Пелистер било во ракомет, кошарка, одбојка, жени и мажи. Бев  член на навивачка група “Чкембари“, која ја напуштив кога увидов мешање на политика. Ќе кажам не ме интересира политика и сметам дека треба да се работи за добро на градот.  Како навивач сум бил на 3 европски првенства  во ракомет, едно во фудбал,  2 во кошарка, потоа и светско првенство. Се во моја приватна режија.Менаџер по туризам и угостителство и лиценциран туристички водич што значи тоа… Кажи повеќе?

-По завршување на средно образование во Горната Гимназија 2003 година,  се запишав на Факултет за туризам и угостителство во Охрид. После завршувањто  како  секој млад човек работев на многу работни места,  кладилница,  кафуле „Пајтон“, отворив своја ТА “Глобус“…  Од 2017 до 2018 агенцијата “Глобус“ и во соработка  со ТА “Турист“ организиравме аранжмани за спортски настани првенства во ракомет. Во 2011 година со донесениот  закон дека секоја група туристи која излегува  од државата треба да има пратител, кое е различно од туристички водич, започнав со активна работа како пратител(туристички придружник). По закон пратител значи активности во автобус, собирање пасоши, информации за  пауза,места на посети според програма,  кога стигнуваме… Во дражавата се изнајмува друг локален  туристички водич. Од 2011 бев пратител на туристи  со ТА “Белојани“. По закон  секоја група што влегува во нашата држава мора да изнајми туристички водич.  Но, често  тоа не се случува.  Секој ден гледате еве по Широк Сокак има групи туристи пример Полјаци, Турци .. кои не изнајмуваат локален туристички водич. Ако имаат свој тогаш тој го кажува она што сакаат тие од своја гледна точка да го слушнат,  историски настани и слично. Затоа  се залагам за тоа туристичките групи кои го посетуваат градот, обавезно да  мора да изнајмат наш туристички водич,назначен од тука, што е по закон. Тоа треба да се почитува,  бидејќи значајно е како ќе се прикажат  историски настани во градот.  Еден пример: кога ќе застанам кај “Равена“ и им кажам за егзодусот на Евреите кога над 3.000 луѓе беа депортирани во логор Треблинка, тоа е историски факт кој некои можеби нема да го споменат,  бидејќи ми се случило да ми  кажат дека  не е така. Од 2012 ја зедов лиценцата и  10 години сум лиценциран туристички водич со свој профил на страна на светски водичи и своја веб страна на Tour guide. Во сите хотели, сместувачки капацитети  ме знаат веќе 10 години. Работам и во ТА “Турист“ сезонски.  Овие две години беа тотална штама. 2019 беше фантастична година пред пандемијата и затварањето.-Ние сме фриленсери и од нас  зависи колку ќе те бараат. Во мојата работа предност што сум по потекло пола словенец, го познавам јазикот, ми пишува на лиценцата покрај англиски јазик и словенечки. Затоа  и најчесто соработувам со словенечки  групи кои доаѓаат за  ширење на култура и соработка со словенечкото  друштвото “Триглав“ чиј  претседател е Тања Франц, а мојата мајка Милена Пинза е професор по словенечки. Голем број туристи кои сум ги довел се од Словенија, а тоа најчесто се членови на хорови. Турата е вообичаено 4 –  5 дена со цел пакет од пристигнување и тоа  еден ден разгледување на  Битола, потоа тука може да бидат или Охрид, Скопје, Матка, Крушево, Вевечани Маврово по желба… Оптимално да се разгледа  Македонија се 6-7 дена. Битола може еднодневно со 3-4 часа, со тоа што ќе се постетат  Хераклеа (ако се мозаиците достапни за разгледување), потоа Музејот.  Се залагам и сум тој  кој не оставам туристите  да не влезат и го видат уметничкото богатсво на Малиот  битолски Монмарт. Останато е по желба, некои сакаат да  посетат црква, најчесто  тоа е  Св, Димитрија, некои џамија или Католичката црква. Тоа е таканаречената градска тура.Искуство 10 години лиценциран туристички водич, твое  мислење како да се доведат повеќе туристи во Македонија?

-Нашите агенции  работат најчесто на „outgoing“  туризам и продажбa на зранжмани во други држави летувања, зимувања, празници…  најчесто Турција. Грција, Албанија… Многу малку агенции работат „incoming“ туризам да донесат туристи во нашата земја, освен еден мал дел аранжмани кои ги организикра  ТА “ЈК Травел“ и ТА „Турист“. Морам да напоменам дека исто така при носење на туристи, Битола е најчесто попатна станица на неколку часа, тоа е причина зошто нема   доволен број на туристи кои ќе преноќат или останат неколку денови. Треба да се работи на тоа да се промени и прошири туристичката понуда. Причина е што сме локациски  перфектни 25 мин Нацинален парк, 25 минути Препанско езеро, 1 час   Охрид,1 час Крушево,  40 минути Мариово…се во круг од 30-60 минути. Искрено ќе кажам дека критички сум настроен кон многу работи, но како туристички водич се трудам да ја претставам државата, Битола на најдобар можен начин. Пред туристите секогаш ги истакнуваме позитивните и убави работи со кои се гордееме. Исто така сум  реален, бидејќи многу работи не може да се сокријат. Тука се нашите патишта, инфраструктурата, екологијата…

По мои сознанија во  хотелски  сместувања има  околу  700- 800 легла во средните и големите  хотели,  Но тука се и хотели со помал  капацитет, како и  приватни сместувања. Сите се со  3-4 звезди. Инсистирам на што повеќе ноќевања во градот, бидејќи ќе се  користат многу услуги во градот и парите ќе останат тука за многу услужни дејности. Бев иницијатор и давав предлози кои произлегоа од моето искуство на работа со туристи, но за жал нема слух за сектор туризам  во градот. Имено предлог со 15 точки за подобрување на туризмот, кои не бараа многу средства  или беа неостварливи, значи  минимални средства, но големи придобивки за туризмот во нашиот град. Повторно ќе нагласам дека нема врска која и е политичка партија на власт,се нема слух за сектор туризам.Ваше мислење како  Битола да стане  атрактивна за туристите?

-Битола има идеална местоположба и примамливи услови. Тука ја има најдобарата понуда и храна каде  туристот во најдобриот хотел може квалитетно да јаде за 10 евра. Едно ноќевање зависно од рангот звезди е 18 -23 евра. Многу капацитети нудат многу добри услови. Тука е  културно историско наследство на градот. Битола град на 3000 клавири, над 600 објавени песни за Битола, конзулати, мода. Секогаш кога го кажувам ова за Битола се наежувам. Широк Сокак единствен по многу нешта. Од музејот до саат кулата од пладне до  околу 15 часот, пример преполно корзо, дотерани луѓе кои уживаат со кафе  муабет… за туристиоте многу чудно за народ со просечна плата од 300 евра.  Исто така ќе кажам дека туристички немаме содржина за нашите повратници од странство кои преку лето доаѓаат и одат само до Охрид, или посета на  роднини…Мора да се работи на тоа. Да има поголем број настани.Тоа нека бидат настани со богати културно уметнички содржини во Стара чаршија на пример  со чалгии.  Илинденски денови да се организирани повеќе денови, со разни активности на Широк Сокак… да се случува нешто. За оние кои ќе дојдат, да се задржат подолго.  Инфо центар со сувенирница  нема и не работи.  Сите овие години немаме направено некое парче кое ќе ја претставува  Битола, пример саат кулата како сувенир или нешто друго. Постојат проблеми кои мора институционално да се решаваат, но сите оние кои треба ова да го покренат се без слух сите овие години.Проект туристичка  карта на Битола

-Бев вклучен во проектот изработка на туристичка карта на Битола. Заедно со  Иван Чулаковски изработивме туристичка карта на градот Битола, Онлајн апликација и веб страна, сето ова беше многу професионално сработено. Повеќе од  3 години таа туристичка мапа на Битола  ја дававме бесплатно односно беа изработени 10 и 15.000 примероци годишни кои беа доставени на  повеќето угостителски објекти во градот. Кога во музејот го предложивме проектот за материјални средства за да го подржат ова.  Отворено ќе кажам дека ме известија дека на  управен одбор се одобрени вкупно 50 евра за цел проект. Тоа беше за  он лајн апликација, веб страна и карта. Јас ја одбив оваа смешна цена и навреда за  нашиот труд за нас кои  работевме на ова. Им кажав дека управниот одбор што се собра за да одлучи има поголема дневница  од цела оваа понудена цена. Проектот  „Да го запознеме Пелистер“  

-Мојата љубов кон  планината сакам  да ја пренесам на младите генерации. Тоа беше и идејата и целта на проектот, кој започна во месец мај кога малку  се смири состојбата со ковид пандемија. Тоа е полудневен излет до Пелистер во кој се вклучени бесплатен превоз и влез во Националниот парк. Децата добиваат чај, launch пакет и влезница за Инфоцентароние кои доаѓаат треба да понесат  со себе само шише вода и маица за преслекување. Излетот е едукативен со  запознавање на флора, фауна, со промовирање на екологија, заштита од пожари на планината, поврзување со историски факти, децата се запознаваат со т.н. „Историска патека“. Од мај до денес направивме  11 тури со деца од 8-16 години, тука беа спортски клубови, Деатски хор „Ѕвончиња“, Interworks  го препознаа значењето на овој проект и го организиравме излетот со нивни ученици кои учат и посетуваат курсеви. Во месец ноевмври завршија турите заради временски услови, но ќе продолжи во мај следна година, бидејќи има средства, се надевам дека ќе има слух за понатаму повторно од институциите, бидејќи проектот е за сите.  Проектот „Да го запознаеме Пелистер“ како граѓанска иницијатива доби минимални средства од општина Битола, а најмногу  од ФОД Битола. Не сакав да се смета дека е партиски и никогаш нема да биде.   Ова е за сите од најмала  возраст да ја засакат планинатада ја сакаат планината.Еден од иницијаторите за движењет за чист воздух “За нас се работи“

– За жал бев првиот што замина бидејќи после третиот протест почнаа несогласување и озброрувањата дека одредени ликови прават нешто во позадина. Влегов со чиста мисла да се почитуваа сите стандарди за екологија, но малку од тоа се реализира. Прв заминав  бев вклучен во се од почетокот, но моја замисла беше поинаква, чесна, за разлика од одредени личности кои работеа за себе и сами ќе се пронајдат и на кој начин го искористија ова движење за постигнување на свои цели. Ќе кажам само дека не сакам нечисти работи.Горан Пинза беше еден од моите ретки соговорници кој искрено зборуваше на многу теми и дека слободно можам да напишам се. Живеејќи во  години на политички, економски, социјални  превирања и корона и здравстевна криза кои го погодија туризмот се бори и докажува, вклучен во многу проекти. Како и многу млади личности кои го бараат своето место под сонцето, нефер игри и  непријатни ситуации кои му сметале како чесен млад човек, сигурно оставиле трага на него. На прашањето за идни планови не знаеше што да ми одговори. На крај само ќе додадам дека ако за сите  овие години на работа тој успеал да ја задржи својата душа и „Да не ја продаде на ѓаволот“ како мудрата изрека кажува. Со сите свои проекти тој е сигурно еден од херои на денешно време и треба да се гордее со тоа.

More from ИнтервјуMore posts in Интервју »