Press "Enter" to skip to content

Битолчани направија дожд од илјада плишани играчки за децата од ранливите категории (фотогалерија)

Иницијативата на Еурофарм Пелистер љубителите на ракометот во Битола да донесат во салата “Боро Чурлевски“ и на полувремето да се фрлаат на паркетот плишани играчки беше прифатена. Само што судиите “свирнаа“ крај на првото полувреме се случи “дожд“ од илјада плишани играчки од двете трибини, а сите во салата овој гест на битолчани го испратија со аплауз. Вработените во салата плишаните играчки го собираа десетина минути во колички и вреќи, а поради големиот број на “мечиња“ во собирањето се вклучија луѓето од клубот и дел од младинците кои беа во салата.Идеја на клубот за поздравување, но за поздравување и гестот на битолчани кои издвоија од својот џеб покрај за влезница и за подарок за децата од ранливите категории.Од клубот велат дека со оваа порака сакаат да ги потенцираат вистинските вредности на животот, пренесени преку спортот.Инаку, овој тренд веќе долги години е присутен во Европа, токму пред новогодишните и божиќните празници, а вечерва во Битола за прв пат се иницира во Битола и тоа супер успешно.