Иницијативата на Еурофарм Пелистер љубителите на ракометот во Битола да донесат во салата “Боро Чурлевски“ и на полувремето да се фрлаат на паркетот плишани играчки беше прифатена.
Само што судиите “свирнаа“ крај на првото полувреме се случи “дожд“ од илјада плишани играчки од двете трибини, а сите во салата овој гест на битолчани го испратија со аплауз.
Вработените во салата плишаните играчки го собираа десетина минути во колички и вреќи, а поради големиот број на “мечиња“ во собирањето се вклучија луѓето од клубот и дел од младинците кои беа во салата.
Идеја на клубот за поздравување, но за поздравување и гестот на битолчани кои издвоија од својот џеб покрај за влезница и за подарок за децата од ранливите категории.
Од клубот велат дека со оваа порака сакаат да ги потенцираат вистинските вредности на животот, пренесени преку спортот.
Инаку, овој тренд веќе долги години е присутен во Европа, токму пред новогодишните и божиќните празници, а вечерва во Битола за прв пат се иницира во Битола и тоа супер успешно.

Битолчани направија дожд од илјада плишани играчки за децата од ранливите категории (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола сончево и релативно топло, температурата до 21 степен
- ФК Конзули Ветерани од Битола со меѓународен турнир и доделување признанија одбележа 10 години постоење (фотогалерија)
- Пелистер од Битола со одлична игра до триумф во Гевгелија
- Вредна победа на Пелистер во Битола и три важни бода во борбата за опстанок (фотогалерија)
- ДПД “Архангел“ од Битола на меѓународен против пожарен настан во Хрватска (фото)
More from СпортMore posts in Спорт »
- ФК Конзули Ветерани од Битола со меѓународен турнир и доделување признанија одбележа 10 години постоење (фотогалерија)
- Пелистер од Битола со одлична игра до триумф во Гевгелија
- Вредна победа на Пелистер во Битола и три важни бода во борбата за опстанок (фотогалерија)
- Еурофарм Пелистер остана без Куп финале, поразен од Охрид во полуфиналето
- Малешевиќ: со победа над Кожув сакаме математички да осигураме полуфинале,






