БИТОЛА и „БИТОЛСКИТЕ ПТИЦИ“ – (БИТОЛА и БИТОЛСКИТЕ ДЕЦА) –„ ТУЃИНО ЈАБАНО “ БИТОЛЧАНИ: НАСЕКАДЕ НЕ ИМА, А ВО БИТОЛА ?
Деновиве, (откако предходно ја продаде куќата) близок другар на мојот син со својата фамилија, (сопругата и двете малолетни ќерки) емигрира во Германија. Тоа ме мотивира да го напишам овој текст.
Битолчаните – БИТОЛСКАТА ДИЈАСПОРА распространета е по целиот СВЕТ. АМЕРИКА: Ну Јорк, Ну Џерси, Мајами и др. градови, КАНАДА: Торонто, Отава, Монтреал и др. градови, АВСТРАЛИЈА: Сиднеј, Мелбрун, Бризбејн и др. градови, ЕВРОПА: Германија, Шведска, Швајцарија, Австрија и др. земји.
А, во Битола? Во Битола, по секој одминат ден не има се помалку и помалку. Има и една македонска песна „ТУЃИНО ЈАБАНО“. Зборот ЈАБАНА е од турско потекло и значи туѓина – туѓинец, странство – странец, туѓи луѓе, туѓ свет, туѓа, необработена земја, туѓ крај. Од Македонија, секој ден некој се иселува.
Во Македонија состојбата со миграцијата, посебно со иселувањето на помладата популација е повеќе од загрижувачка. Тоа пред се, се МЛАДИ, ИНТЕЛЕГЕНТНИ, ШКОЛОВАНИ и ПЕРСПЕКТИВНИ момчиња и чупиња кои во матичната држава не гледаат ПЕРСПЕКТИВА. Битола во тој поглед не е исклучок.
Всушност, таа од секогаш е позната како „ПЕЧАЛБАРСКИ КРАЈ“. Резултат на тоа се и многу ПЕЧАЛБАРСКИ ПЕСНИ. Една од нив е онаа која ја испеја БУКОВЧАНЕЦОТ-ПАНДЕ КОМИНОВСКИ ПАШАТА. Да се потсетиме на еден рефрен: „Солзи течат нема граница испрати ме мајко до станица“.
Во минатото разделбата на роднините со ПЕЧАЛБАРОТ на БИТОЛСКАТА ЖЕЛЕЗНИЧКА СТАНИЦА БЕШЕ ПРЕМНОГУ ТРОГАТЕЛНА. Таа беше наречена „СТАНИЦА НА ПЛАЧОТ“. Се претпоставува дека најмалку 80 – 85 % од населението во Битола имаме роднини по ДИЈАСПОРАТА. Битолските маала: „ГЕНИ МААЛЕ“, „БАИР МААЛО“, „АРНАУТ МААЛЕ“, „МААЏАР МААЛЕ“, „ВЛАШКО МААЛО“ и др. маала односно нивните улици се празни, деца се помалку се среќаваат, тек тук по некој постар граѓанин, понекогаш ни тоа. Постарите го паметиме ДЕТСКИОТ ЖАГОР на Битолските маала.
За жал, тоа е минато време. Денешната состојба тешко ни паѓа, таа се повеќе не измачува, но и не плаши. Доколку не се промени нешто позитивно на економски план и не дојде до зголемување на животниот стандард Битолските маала односно нивните улици, полека но сигурно ќе почнат да наликуваат на најстрашните сцени од „ХОРОР ФИЛМОВИТЕ“, а „ШИРОК СОКА„ – УЛИЦА НА СЕНИЛНИ СТАРЦИ СО БАСТУН ВО РАКАТА“. Фотографијата од постот има своја СИМБОЛИКА, ја знаеме и суштината на истата. Птиците од фотографијата – ТОА СЕ НАШИТЕ ДЕЦА – ТОА СЕ НАШИТЕ ЌЕРКИ И СИНОВИ. Тие летаат во непознат правец и ќе се населат во туѓа земја, со мали шанси повторно да се вратат назад, на родното огниште, во нивниот и родниот крај на нивните предци. На мнозинството од нас ова ОСОБЕНО ТЕШКО НИ ПАЃА и не го посакуваме но, ВИСТИНАТА Е ТАА. Сепак, СЕ ЗАВИСИ ОД НАС САМИТЕ.
УКАЖУВАЊЕ: Знам, во тоа сум повеќе од сигурен, дека БИТОЛСКАТА ДИЈАСПОРА копнее за Битола, но и Битола копнее за своите деца. Посебен – голем поздрав до БИТОЛСКАТА ДИЈАСПОРА. Убав ден односно ноќ било каде да се наоѓате. Поздрав.
Стефан Чекутков






