Министерот за здравство Беким Сали го именува д-р Александар Петличковски, актуелниот директор на Институтот за имунологија за претседател на Комисијата за заразни болести.
Александар Петличковски е роден 1972 година во Битола каде заврши Гимназија во “Јосип Броз Тито“, а потоа школувањето го продолжи на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ на факултетот за медицина во Скопје, по што се вработува во Институтот за имунилогија, каде сега директор.