Со д-р Васил Чипуровски, претставувајќи ја специјалистичката интернистичка ординација “Д-р Чипуровски“ во Битола, информираме за најсовремени апарати во медицината за прегледи на внатрешните органи, кои ги поседува. Низ овие разговори добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање. За истите постои голема заинтересираност.
Овој пат Д-р Васил Чипуровски зборува за примена на ехо за дијагноза на црнодробна стеатоза и фиброза, за што вели:
-Замастениот црн дроб претставува натрупување на липиди, пред се триглицериди во хепарот, црнодробна фиброза се карактеризира со натрупување на колаген и гликопротеини во хепатоцитите и кај напредната има премостувачки фибрози низ сегментите на хепарот и развивање на јазли кои ја нарушуваат функцијата, составот крвотокот на црниот дроб и развивање на цироза која е иреверзибилна промена.Етиолошки според причинити на развој постојат два основни типа на замастен црн дроб -steatosis hepatis, едниот е предизвикан од долгогодишно прекумерно конзумирање на алкохол поточно алкохолна стеатоза и вториот тип на неалкохолна стеатоза на црниот дроб поточно последица на дијабетес, дислипидемии (
Ризик фактори во развиток на фиброза од стеатоза се обезност, дијабет тип 2, метаболен синдром, хипертриглицеридемија,
Златен стандард за дијагностицирање на фиброза е биопсија како инвазивна метода во поново време има и еластографија неинвазивна метода.
Клинички кај поголем дел на пациенти со замастен црн дроб нема симптоми додека кај дел има нелагодност, тапа болка под десен ребрен лак и палпабилен хепар. Лабораториски најчесто постои зголемени црнодробни трансаминази AST, ALT. Со ехо на абдомен се гледа дифузно зголемен црн дроб со хиперехогеност и хиперрефлектогеност наспроти хипоехогениот кортекс на десен бубрег.
Покрај ехото на абдомен во одредување на преминот на стеатозата во фиброза во високоразвиени земји има улога и МРИ, лабораториски различни параметри и индекси FIB-4=возраст хАST/PLT xALT 1/2 , при што вредности под 1.45 во над 90%од случаи зборуваат за ненапредната фиброза додека доколку fib4 е над 3.25во висок процент имаме напредната фиброза кон цироза.
Терапијата е во примена на хигиено диететски мерки со редукција на внес на масти и алкохол, благи рафинирани продукти со редукција на телесна тежина како, умерени физички вежби, исклучување на факторот кој довел до фиброза и во примена на хепатопротективни средства најчесто на база на силимарин како и најновите позитивни ефекти од примена на витаминот Е, кај пациентите кои не реагираат на промените во животниот стил и медикаментозна терапија кај напредната фиброза и цироза последна опција е црнодробна трансплантација.
При нетретирана стеатоза без алкохолна -NASH и алкохолна кај дел од болните доаѓа до развивање на стеатохепатитис потоа фиброза со цироза и кај 10% хепатоцелуларен карцином.