Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: Психичко насилство

Психичко насилство се смета секое намерно однесување со кое сериозно се попречува психолошкиот интегритет на друго лице преку присила или закани. Негова значајна карактеристика е злоставувачкиот образец на однесување кој се јавува со текот на времето, внатре во семејството или надвор од него. Не само што влијае на менталното здравје на поединците и нивните контакти, туку ги лишува и од приликите за иден личен, социјален и економски развој. Како примери на психолошко насилство се јавуваат постапките како изолација од другите, вербални напади, закани, застрашување, контрола, вознемирување или демнење, навреди, понижување и клевета. Ќе ги опишеме:

Вербална злоупотреба

Викање, употреба на навреди со цел понижување и нанесување емотивна повреда на жртвата.

Манипулација

Однесување кое предизвикува жртвата да се сомнева во сопствената перцепција, сеќавање, мисли, чувства и доживувања.

Изолација

Постепено контролирање и ограничување на контактот со семејството, пријателите и познаниците со цел стекнување на тотална контрола врз жртвата.

Заплашување

Употреба на закани, оружје и агресивно однесување со цел всадување страв кај жртвата.

Контролирачко однесување

Прекумерно вмешување во располагањето со разни финансии, секојдневни активности, лични избори, проверување на пораки, мејлови и профили на социјалните мрежи на жртвата.

Понижување

Намерно поткопување на самодовербата на жртвата преку јавно исмевање или омаловажување.

Третман со тишина

Игнорирање или одбивање да се комуницира со намера да се предизвика емоционална болка и вознемиреност.

Сајбер малтретирање

Вонемирување, заканување или понижување на жртвата преку дигитални средства како што се социјални мрежи, пораки или мејл.

Отфрлање

Поништување или омаловажување на мислите, чувствата или искуствата на една личност, правејќи ги неважни или недостојни.

Последиците  од психичко насилство се комплексни

Постојаното омаловажување, понижувачките коментари и манипулациите ја нагризуваат самодовербата и самопочитта кај жртвите. Тие ги интернализираат негативните верувања, се мачат со чувства на несоодветност и им станува тешко да веруваат во сопствената вредност.

Депресија и анксиозност:

Постојаниот страв, понижување и изолација предизвикани од партнери кои малтретираат се извор на длабока депресија и анксиозни нарушувања. Жртвите може да доживеат огромна тага, безнадежност, панични напади и борба со постојана грижа.

Траума и посттрауматско стресно растројство (PTSD)

Жртвите на психичко насилство ( семејно насилство) честопати доживуваат трауматски искуства, што може да доведе до развој на PTSD- Траума и посттрауматско стресно растројство. Симптомите како што се: ретроспективни сеќавања, кошмари, хипербудливоста и емоционалната избувливост создаваат огромен предизвик кај жртвите да си го вратат чувството на сигурност и самодоверба.

Советување и терапија

Разовор со стручен терапевт може да оди кон подобра ментална благосостојба. Терапијата фокусирана на обработка на траумите им помага на жртвите да ги обработат своите искуства и да развијат здрави механизми за справување и резилиентност.

More from СоветиMore posts in Совети »