На последната седница на Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ беа избрани претседателки на Унијата на жени во неколку општински комитети, а Анѓелка Диневска, е избрана за нова претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Битола
Анѓелка Диневска е дипломиран инженер по информациски системи и инженер по комјутерски науки, а двете дипломи ги стекнува на Универзитетот “Св. Климент Охридски” во Битола. Учесник е на повеќе домашни и меѓународни семинари, конференции, проекти и натпревари.
-Главната мисија на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ е промиварање на сите општествено хумани вредности, а целите се политичко и економско јакнење на жената во општеството. Визијата на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ е стратегијата на рамноправна застапеност на жената во политичкиот и јавниот живот како родова еднаквост, потоа афирмација на жената на општествено одговорните места, како и промоција на заштита на здравјето и превентивните активности со цел за зачувување на здравјето на жената, борба против семејното насилство и поддржување на жените во зачувување на македонските традиционални и семејни вредности, напиша Динеска.