Вечерва во Големата сала на Центарот за култура во Битола се одржа концерт на Дувачкиот оркестар на Државното музичко училиште од Битола и Битолскиот дувачки оркестар.
Концертот беше под диригентство на професорот по кларинер и оркестар во Државното средно музичко училиште, Марјан Бакревски,
На програмата беа дела од Бетовен, Росини, Штраус и маршови за дувачки оркестар.
Диригентот Бакревски по завршувањето на концертот беше презадоволен од настапот на неговите ученици и ни рече:
-Учениците од Државното музичко училиште од Битола за време на школската година го подготвуваа овој концерт и на него изведоа десет композиции, меѓу кои и една премногу сериозна композиција Петтата симфонија на Бетовен. Оваа композиција не се осмелуваат да ја изведат многу поголеми оркестри од овој кој сега настапи. Во оркестарот беа вклучени околу дваеесетина деца, сите ученици од Средното музичко училиште од Битола, од прва до четврта година, заедно со некои професори од училиштето. Поради тоа што кај нас немаме некои иструменти се приклучија и неколкумина професионалци и додава:
-За мене како диригент и пред се како професор значи многу, да се подготват учениците, да се вкомпонираат во оркестар, за вакво претставување пред битолската публика е посебно чувство. Ова што го водовме вечерва е доказ дека учениците напредуваат и дека во иднина ќе имаме битолски дувачки оркестар. За учениците ова е голем чекор, покажаа дека се подготвени да настапуваат го големи оркестри, а ова секако и чекор кон понатамошното школување на академија.
Стојанче Косовски, прва труба во националната опера и балет во Скопје беше дел од оркестарот и по завршувањето ни рече:
-Сакам да кажам дека беше прекрасно да се настапува во Битола со овие млади музичари и се надевам дека ова ќе продолжи, дека нема да застане овде. Со ова продолжува традицијата на музичкото училиште да дава големи музичари, а верувам дека овие млади музичари ќе продолжат со надоградување на квалитетот. Секогаш настапувам кога ќе ме повикаат, јас средно музичко училиште завршив во Битола, и имам најдобри зборови за музичкото училиште.
Христина Љушкоска беше дел од оркестарот со својата флејта, а за впечатоците од концертот ни рече:
-И јас сум ученик на Музичкото училиште од Битола, прво нижо музичко во Охрид, а потоа и средно во Битола кај професорот Александар Стефановски, а сега сум на трета година на Музичката академија. Чувството е поинакво денес, мене ми е прв настап по огранилувањето заради корона кризата и за мене е едно враќање назад. Презадоволна сум каков беше настапот на оркестарот и секако мојот настап вечерва.
Во текот на денешниот дел учениците имаа свои настапи по Широк Сокак, каде наидоа на одличен прием кај битолчани.
Текст и фото: С. Ристевски

Одличен концерт на дувачкиот оркестар на Државното музичко училиште од Битола и Дувачкиот оркестар на Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Ветераните на Пелистер одржаа турнир во Битола во чест на починатиот капитен Јабланот (фотогалерија)Ветераните на Пелистер одржаа турнир во Битола во чест на починатиот капитен Јабланот (фотогалерија)

- СВР Битола: малолетник паднал од мопед – тешко се повредил, сообраќајка кај “Чешмите“, приведување за дрога
- Во Битола одбележан 23 Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба
- Владимир Талески се враќа на сцената, сега како автор на текстот „Три сестри во Москва“ во Драмски театар Скопје
- Атина Рувинова освои прво место на HackHarvard во САД – 36 часа без сон за иновација со потенцијал за стартап
More from КултураMore posts in Култура »
- Владимир Талески се враќа на сцената, сега како автор на текстот „Три сестри во Москва“ во Драмски театар Скопје
- Од млада музичка надеж до пијано спектакл: Андријана Арлен се враќа во Македонија со „Сребрена ноќ“
- Ксенија Николова во Утопија со разговор за книгите и животот меѓу нивните редови
- Бојана Скендеровски откри кој ќе ѝ прави друштво на сцената во Битола
- Битола и Виченца: успешна графичка приказна “Огледало – очи в очи“ во галеријата “Ранко Струмениковски“








