Пред најголемиот христијански празник Воскресение Христовo-Велигден, Универзитетското студентско собрание УКЛО од Битола, во соработка со Студентскиот дом – Битола на голема благодарност на директорката Соња Карапец, го одбележааа Велики Четврток со традиционалното бојадисување на јајца, симболот на новиот живот.
-Денот на Христовото Воскресение пред се значи надеж, надеж која длабоко воскреснува во секој нас и на овој ден секој заслужува љубов, почит, внимание, да им подадеме рака на паднатите, да им залечиме рана на ранливите и да воскреснеме сите заедно со љубовта Божја поздравувајќи се со највеселиот поздрав -ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ, рече Симона Наумовска, претседател на Студентското собрание и додаде:
-Го посетивме и ЈУ Дом за доенчиња и мали деца-Битола и беа донирани бојадисаните јајца, каде успеавме да украдеме насмевки од најмалите и најмилите. Детските срца се најчисти и во нив има безусловна љубов. Да се биде хуман е доблест, децата секогаш заслужуваат повеќе! Љубовта со љубов се враќа!
Заедно продолжуваме со нашите активности да воспоставуваме систем на заедништво и меѓусебна почит, како и градење на хуманистичко општество во полза на сите, порачаа студентите, честитајќи го Велигден на сите битолчани.

Студентите од УКЛО бојадисаја јајца и ги донираа во Домот за доенчиња и мали деца во Битола (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Утре КК Пелистер повторно е домаќин во Битола, утре го пречекува Скопје 2023
- Од утре зимско сметање на времето, стрелките на часовникот еден час наназад
- СВР Битола: физички напад во угостителски објект, малолетничко насилство, 18 годишник возел без возачка, физички напад
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 19 степени
- Ветераните на Пелистер одржаа турнир во Битола во чест на починатиот капитен Јабланот (фотогалерија)Ветераните на Пелистер одржаа турнир во Битола во чест на починатиот капитен Јабланот (фотогалерија)





