Денес, сабота, 23 април, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде претпладне променливо облачно, попладне облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево и потопло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Температурата во Битола до 21 степен.
Утре, недела, 24 април, во Битола, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 24 степен.






