Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.760 теста, а регистрирани се 89 нови случаи на Ковид-19, од Битола се 18.
Регистрирани сe 156 оздравени пациенти, и тоа од Битола се 32.
До сега во Битола има 15.253 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 83 случаи.
Во текот на изминатите 24 часа не се регистрирани починати лица.
Направени се во Битола вчера 48 ковид теста преку ЦЈЗ Битола 39 и преку “Плодност“ 9.
Досега во земјата се направени вкупно 2.013.928 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 309.310, бројот на оздравени пациенти е 299.539, на починати е 9.278, а бројот на активни случаи изнесува 493.






