Во Битола се одржа меѓународниот натпревар по пијано “Пијанофест“ кој оваа година се одржа од 10 до 12 јуни. Оваа година по 4. пат беше реализиран овој успешен натпревар кој испиша нова страница од своето постоење, а се одржа во Палатата на културата – Офицерскиот Дом – Битола, во една од најубавите и најакустични сала во Македонија и пошироко.
Во изминатите три денови настапија околку осумдесет учесници од Македонија, Албанија, Србија, Косово, Турција, Црна Гора и Бугарија.
Учесниците ги изведуваа композициите на прекрасното концертно пијано “Bosendorfer”, кое недоамна беше префрлено од Битолскиот Завод и Музеј.
На натпреварот беше доделена и парична награда за лауреатот со што се дава еден вид на поддршка на младите музички таленти кои само што зачекоруваат на музичките подиуми а кои еден ден ќе бидат наша гордост и ќе не претставуваат во светот. Истата ја понесе Лара Арбајтер (Србија).
Натпреварот беше во организација на здружението на пијанисти и музички педагози “Пијанофест“ од Битола, со поддршка од Министерството за култура и Општина Битола како и во соработка со ЈОУ Културен и Информативен центар – Битола.
-Секоја отсвирена нота изминативе 3 дена ќе остане еден спомен. Спомен кој што кога музиката ќе прекине, останува да живее во нашите срца. Од име на организацијата на “Пијанофест” се заблагодаруваме на нашата беспрекорна жири комисија, нашите поддржувачи, на Државното музичко училиште од Битола за соработката. Благодарност до сите натпреварувачи, професори, родители, пијанисти и педагози кои беа дел од оваа наша успешна приказна. Честитки за сите. Се гледаме повторно следната година, истакнаа професорките Марија Шамоска Буџаковски и Јана Четелева Белевска.
Реномираната жири комисија оваа година беше во состав: Драгомир Братиќ (Србија ), Кристина Петролари Ласо (Албанија), Дино Имери (Македонија) и Лилјана Вукелија (Србија).

Заврши 4. по ред “Пијанофест“, Битола беше празник на музиката (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Соња Михајлова добитник на наградата “4-ти Ноември“ за животно дело, Горан Илиќ, Маргарита Камбовска и Кире Марков за едногодишни остварувања
- Блаже Докуле од Битола со трета награда на Светската галерија за карикатура на “Остен“
- Битолски Олимп со шест шампионски титули, од пионерки до сениори
- Лекарите Бојаџиев и Вуковиќ – Велјановска од Битола на првиот стручен симпозиум за спортска медицина (фото)
- Во Битола променливо облачно со повреден дожд, температурата до 17 степени
More from КултураMore posts in Култура »
- Блаже Докуле од Битола со трета награда на Светската галерија за карикатура на “Остен“
- Владимир Талески се враќа на сцената, сега како автор на текстот „Три сестри во Москва“ во Драмски театар Скопје
- Од млада музичка надеж до пијано спектакл: Андријана Арлен се враќа во Македонија со „Сребрена ноќ“
- Ксенија Николова во Утопија со разговор за книгите и животот меѓу нивните редови
- Бојана Скендеровски откри кој ќе ѝ прави друштво на сцената во Битола









