Press "Enter" to skip to content

Лекарите Бојаџиев и Вуковиќ – Велјановска од Битола на првиот стручен симпозиум за спортска медицина (фото)

Деновиве во Скопје, во конгресниот центар во хотел “Квинс“ се одржа првиот стручен симпозиум на македонското здружение на специјалисти по спортска медицина и на турското здружение. Главна тема беше препишувањето на вежбањето кај пациенти со диабетес, хипертензија и анксио-депресивен синдром.

Првиот ден одржаа предавање професори од универзитетската клиника за ендокринологија од Скопје, медицинскиот факултет во Бурса, институтот за имунологија од Скопје и институто за социо-политички истражувања од Скопје. Исто така предавања одржаа и проф. Зоран Ханџиски – претседател на македонското здружение како и од психијатриската клиника од Скопје и од медицинскиот факултет од Измир.Вториот ден се одржаа предавања од универзитетската клиника за кардиологија од Скопје, претседателот на турското здружение проф д-р Метин Ергун и од факултетот за физичка култура од Тетово. Исто така се одржаа и неколку работилници за значењето на вежбањето кај пациентите со овие болести и како можи да помогни во унапредување на нивното здравје.

Учество во симпозиумот зеде и спортска медицина од Битола со д-р Христо Бојаџиев -потпретседател на македонското здружение на специјалисти по спортска медицина и раководител на службата за спортска медицина Битола и д-р Викторија Вуковиќ – Велјановска.Д-р Бојаџиев беше водител но и активен учесник во симпозиумот презентирајќи ја состојбата со физичката и спортската активност во Битола. Која е еден од најспортските градови во Македонија, ако не и најспортски. Беше дискутирано и консултирано како можи да се унапреди спортската медицина и во другите градови, а не само во универзитетските центри.

-Препишувањето на рецепт за вежбање секојдневно и рутински кај пациентите со диабетес, хипертензија и анксио-депресивен синдром, но и кај сите други пациенти посебно кардиолошките, ќе биде огромна придобивка во подобрување на квалитетот на живот. Пристапот треба да биде мултидисциплинарен, односно кардиолози, психијатри, имунолози и специјалисти по спортска, треба да учествуваат и решаваат за здравјето на овие пациенти. Спортска медицина треба да го одреди видот, степенот,интензитетот и траењето на физичката активност. Таа има водечка улога во светот и треба да ја добие и кај нас. Зошто не можи да го развиваме спортот без подршка од современата наука и нови сознанија претставени преку спортска медицина, вели д-р Христо Бојаџиев.