Вчера на сцената “Благој Стефановски – Баге“ на Народниот театар од Битола, се одигра премиерата на претставата “Струјардеси“ на “Солза и смеа“ од Битола.
“Солза и смеа“ во премира пред битолската публика се претставија после пауза од една година. Се работи за урнебесната комедија “Стујадеси“ од францускиот автор Марк Камолети.
Овај пат “Солза и смеа“ се претставија со подмладен состав. Режијата е на Александар Димитровски, а во претставата играат: Валентина Кожовска, Александар Димитровски, Стојанчо Јанковски, Ангела Цветковска, Теона Петровска и Ангела Дуковска.
“Стујардеси“ е текст кој во 1991 год влезе во светската книга на рекорди како нај изведувана комедија.
После вчерашната премиера, првата реприза е закажана за денес 16 јуни со почеток 20 чаот во салата на НТБ.
[ngg src=”galleries” ids=”1051″ exclusions=”11490″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″ order_by=”filename”]










