-Пред 10 години во Битола се случи изведбата на мјузиклот “Ева Перон“, а тогаш беше најавен и одржан како дел од проектот Битолска опера, во режија на Цветан Стојановски,
по сценографија на Зоран Николовски, двајцата од Битола.
Мјузиклот на премиерата го гледаа над 800 гости, љубители на операта, културата, забавата, кои уживаа во премиерата, а наредниот ден имаше и реприза, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
За тоа овој мјузикл да привлече голем број на битолчани, кои го имаа исполнето платото и дворот на Офицерски, и дел од Широк Сокак, покрај тажната приказна беше и иклучителната сценографија на Офицерски, кој дополнително ја збогати целокупната изведба и беше покажана уникатност, несекојдневност, исклучителност.
Во мјузиклот беа ангажирани над 70 учесници. Ева Перон ја “играше“ Маја Митровска, Че – Нико Ѓоргиевски, Магалди – Игор Илиевски, љубовницата – Мартина Аврамоска и Лилјана Трајковска, низ музика на на Миодраг Нечак.
Ангажирани беа и хорот на Државното музичко училиште од Битола, ученици од Гимназијата “Јосип Броз Тито“ од Битола, ТСК “Степ“ – Битола и Детскиот хор “Ѕвончиња“.
Мјузиклот беше дел од битолското културно лето “Битфест 2012“.

Деновиве пред 10 години: прекрасна изведба на мјузиклот “Ева Перон“ во Офицерски (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: прославен 17 март, Денот на Црвениот крст и денот на крводарителите (фотогалерија)
- Жените во фокусот: “КС Групацијата“ го одбележа Меѓународниот ден на жената
- Деновиве пред 10 години: нови возови од и кон Битола – ќе сообраќаат во доцните вечерни и ноќни часови (фото)
- Деновиве пред 10 години: универзитет од Битола организира голем концерт на Филхармонија од Минесота (фото)
- Девојките од Пелистер Волеј ја поминаа првата пречка во Купот, убедлива победа во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер со нова победа, во Битола никој не победува во 2026 (фотогалерија)
- Од полноќ бензинот ќе се продава со +7, дизелот +6,5 денари
- Пелистер одигра реми против Силекс во Кратово
- Библиотеката подготвува нов зборник “Тајните од битолските сокаци “
- СВР Битола: приведени двајца “комити“, едниот за марихуана, другиот за агресивно однесување










